„Ја манипулира јавноста“

Путин изгледа има канцеларија на плажа комплетно идентична на таа во Москва

Руски извештај вели дека тој ја замајува јавноста со идентична канцеларија далеку од Москва, на Црно Море. Наводната измама му овозможува да работи во владина резиденција на Црно Море без никаков потенцијален политички ризик, објави руска веб-страница.

Фото: Кремљ

Впрочем, тој е поранешен КГБ-шпион. Извештај од Русија сугерира дека Владимир Путин манипулира со јавноста во екот на пандемијата - со дупликат канцеларија во претседателското летувалиште далеку од Москва, од која ги води видеоконференциите.

За време на пандемијата, Путин често се појавуваше на телевизија во скромната канцеларија, додека Кремљ тврди дека Путин работи од владината резиденција во близина на Москва. Проект вели дека Путин всушност барем некое време работи во идентична канцеларија што ја уредил во својата резиденција во црноморското одморалиште Сочи. Глетката на Путин како седи во штуро опремена канцеларија, со неколку беж-фотелји, руското знаме во заднината, годинава стана позната на руските телевизии, додека пак тој ги извршува службените работи безбедно скриен далеку од коронавирусот.

Наводите се појавија во рускиот истражувачки медиум Проект, па ги презеде Њујорк тајмс.

Затвореноста е нетипична за господинот Путин, вели Њујорк тајмс, кој обично за време на кризи е човек од акција, кој се појавуваше при поплави или пожари за да ги теши Русите и да ги командува операциите.

Путин има на располагање голем број официјални резиденции, вклучувајќи го и местото кај Москва Ново-Огарјово и претседателското одморалиште во црноморскиот град Сочи, Бочаров Ручеј. Пред пандемијата, Путин работеше често - и отворено - во резиденцијата во Сочи, во обид да ја промовира туристичката индустрија во градот или да ги прима официјалните гости во порелаксиран амбиент. Но со пандемијата, политиката се смени, се вели во извештајот на Проект.

„Во такви моменти, според сфаќањето на Кремљ, луѓето треба да мислат дека претседателот е во главниот град или блиску до него“, вели Проект, и дека работи на справување со вирусот, кој тешко ја погоди Русија, а не повлечен во одморалиште.

Проект како доказ ги наведува јавните записи за летовите со претседателските авиони, кои се контрадикторни на соопштенијата на Кремљ за локацијата на Путин, како и неколку неименувани извори за кои вели дека знаат за дупликат-канцеларијата во црноморскиот град Сочи.

Генерално гледано, имањето идентични канцеларии можеби не изгледа како толку голем скандал. Сепак, Кремљ агресивно ја негира информацијата, додека истакнат критичар на Путин смета дека идејата кажува многу за рускиот лидер. Манипулацијата со канцелариите „апсолутно е во стилот на Путин - да лаже дури и за најмали ситници“, напиша на Твитер Алексеј Навални - кој се опоравува од наводното труење од Кремљ.

„Проект“, основан пред две години од искусен новинар за руските опозициски и деловни весници, Роман Баданин, се опишува себеси како сајт финансиран од онлајн-донации за истражувачко новинарство за Русија. Неговите извори главно се неименувани.

„Ние го правиме она што го правиме најдобро - наоѓаме што е скриено“, вели страницата за својата мисија. „Сметаме дека ова е важно затоа што во Русија не остана скоро ниту еден медиум што се зафаќа со тешки и опасни теми“.

Веб-страницата е меѓу неколкуте што во последните месеци објавија низа текстови за семејството на Путин и неговиот љубовен живот.

Во меѓувреме, Кремљ истражува необична кражба - крадци провалиле во рускиот авион за „апокалипси“, летало наменето да го однесе Путин на безбедно во случај на нуклеарна војна, пренесува Си-ен-ен. Авионот, наречен „центар за нуклеарна команда“, бил на рутинско одржување кога се случила кражбата. Властите велат дека се украдени десетици парчиња радиоопрема.

Легенда под Главна слика

Фото: Кремљ

Калоѓера не може да премолчи, не може да замиже пред историската вистина на Македонија, па затоа во својот живот се определил да македонствува.

повеќе

Слушањето како способност да го фокусираме вниманието на аудитивните дразби е важен аспект на нашиот живот и значително влијае на неговиот квалитет во сите сегменти.

повеќе

„Ќе дојде ден, кога пазарите отворени за трговија и размена на идеи, ќе бидат единствените борбени полиња“ - Виктор Иго

повеќе