Склучени договори за започнување на производство

Путин: Индија и Кина можат да започнат со производство на руската вакцина Спутник V

Индија и Кина можат да започнат со производство на руската вакцина Спутник V против ковид-19, изјави рускиот претседател Владимир Путин, пренесе агенцијата РИА.

EPA-EFE/ALEXEI NIKOLSKY

Путин предложи земјите од организацијата БРИКС (Бразил, Русија, Индија, Кина и Јужна Африка) да го забрзаат отворањето на истражувачкиот центар за вакцини.

„Веруваме дека е важно да се забрза формирањето на центар за развој и истражување вакцини за БРИКС, за што се договоривме пред две години, по иницијатива на нашите јужноафрикански пријатели“, рече Путин при обраќањето на 12 самит на БРИКС преку видеоконференција, пренесе Спутник.

На самитот, чиј домаќин e претседателот Путин, присуствуваa и премиерот Нарендра Моди, кинескиот претседател Си Џинпинг, бразилскиот претседател Жаир Болсонаро и јужноафриканскиот претседател Сирил Рамафоса.

Тој изјави дека рускиот Државен инвестициски фонд склучил договори со Бразил и Индија за клиничко тестирање на вакцината Спутник V, а со Кина и Индија за започнување на производство, не само за нивни потреби, туку и за трети земји.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE/ALEXEI NIKOLSKY

Реакцијата на семејството и блиските во однос на пандемијата е пресуден фактор кој влијае на емотивната состојба, размислувањата и однесувањето на младите.

повеќе

Можеби по нас ќе дојдат некои нови клинци што прегрнати ќе го слушаат мртвиот Џоле и ќе го разберат подобро отколку што го разбравме ние на кои со години жив на глуви уши ни пееше за љубовта.

повеќе

За државата Македонија, Македонците се посебен народ со повеќевековна традиција, кои зборуваат, творат, се радуваат и тагуваат на македонски јазик, веќе со векови, во и надвор од територијата на нашата држава.

повеќе