Путин именуваше нов гувернер во регионот зафатен со протести

Рускиот претседател Владимир Путин именуваше нов вршител на должноста гувернер на далекуисточниот регион Кабаровск, откако досегашниот лидер на регионот е обвинет за убиство и уапсен, што предизвика бран протести.

Фото: ЕПА

Најмалку 10.000 луѓе протестираа во саботата во Кабаровск, барајќи ослободување на Сергеј Фургал, член на ултранационалистичката Либерално-демократска партија (ЛДПР), кој победи на изборите во 2018 година совладувајќи го конкурентот од владејачката партија која го поддржува Путин.

Фургал, роден во рускиот Далечен исток, бил приведен на 9 јули и префрлен во Москва, каде ќе одговара по обвиненија за убиство и обид за убиства на повеќе бизнисмени пред 15 години. Фургал ги отфрла обвиненијата.

Протестите избиле веднаш по апсењето и траеле повеќе од една недела. Нивниот обем е невообичаен за руските региони, како и фактот дека властите сè уште не се обиделе да ги задушат.

Во понеделникот, Путин официјално го смени Фургал од функцијата, а 39-годишниот Михаил Дегтјарев, пратеник и исто така член на ЛДПР го назначи за вршител на должноста гувернер на регионот, според одлуката објавена на веб-страницата на Кремљ.

Кремљ досега го минимизираше значењето на протестите, кои укажуваат на незадоволство кај дел од жителите на рускиот Далечен исток поради политиките на сојузните власти во Москва.

Критичарот на Кремљ Алексеј Навални чии сојузници во регионот ги поддржа протестите, за Дегтјарев рече дека е пратеник на Кремљ, чиј избор, предвидува, нема да ги смири демонстрантите.

Кабаровск во септември следната година ќе одржи регионални избори за полноправен гувернер, соопшти руската државна изборна комисија.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Нашето законодавство дава поголема важност на едно парче хартија отколку на вистинската состојба на терен.

повеќе

Еве што знаат мнозинството Македонци и Бугари родени до 1980 година.

повеќе

И Софија ќе треба да не го запре македонското евро-интегрирање на самиот почеток – и Скопје ќе треба да ја декомунистицира и дејугословенизира својата елита, економија, политика, наратива и медиуми.

повеќе