Путин: Имаше идеја да користам двојник, но одбив (ВИДЕО)

Рускиот претседател Владимир Путин призна дека во раните 2000 години имало идеја за негов двојник заради обезбедување сигурност за шефот на државата.

Сепак, Путин го одбил тоа.

„Ја отфрлив идејата за каков било двојник. Тоа беше во најтешкиот период од нашата војна против тероризмот“, рече Путин за агенцијата Тасс, во интервју за проектот наречен „20 прашања со Владимир Путин“.

Неговата администрација всушност ја дала идејата да се ангажира двојник кој ви стоел на неговото место за време на јавни настапи од претпазливост во случај на атентат, призна Путин за време на интервјуто за Тасс.

Идејата беше одбиена еднаш засекогаш, пренесува Тасс.

За време на интервјуто, било откриено дека пребарувањето „двојник на Путин“ било меѓу најпопуларните пребарувања на Интернет во светот.

Јавноста честопати изнесувала слични претпоставки во последните 20 години. Во декември 2001 година, една жена го поставила ова прашање за време на емисија пренесувана во живо.

Таа претпоставувала дека двојник би можел да биде корисен за одржување на многу важни состаноци, дури и на оние на највисоко ниво. Путин тогаш одговори дека не користи таква „мамка“.

Наместо да седнат заедничи и оние од власта и оние од опозицијата и да се договорат околу стратегијата за борбата со најголемата опасност, тие мудруваат и кажуваат бајки.

повеќе

За жал во овие тешки времиња некои политичари се занимаваат и со вируски патриотизам: на корона не сме се обратиле мултилингвално.

повеќе

Кога кризата со коронавирусот ќе заврши, светот повеќе нема да биде ист, концептот на неолиберализмот ќе биде редизајниран.

повеќе