На самитот во Париз

Путин и Зеленски се сретнаа за првпат, без насмевки и ракување (ВИДЕО)

Претседателот на Русија Владимир Путин и украинскиот претседател Володимир Зеленски се сретнаа на самитот во Париз, чија цел е да се зајакнат напорите да се врати мирот во источна Украина. Средбата на која присуствуваат и лидерите на Франција и Германија, Емануел Макрон и Ангела Меркел, мина без насмевки и ракување, пренесува Ројтерс.

Целта на средбата на Путин и Зеленски е да се стави крај на конфликтот во кој од 2014 година загинаа над 13.000 луѓе.

Дипломатите предупредуваат дека шансите да се постигне траен мир и не се големи, бидејќи Зеленски нема голем маневарски простор, а Путин покажува мал интерес за прилагодување на надворешните притисоци.

По низата билатерални средби во Елисејската палата, Путин и Зеленски влегоа во собата за средбите на четворицата лидери, накратко се погледнаа, но без насмевка.

Путин и Зеленски не се ракуваа пред камерите, истакнува Ројтерс.

„Главното прашање е како да се изгради доверба, како би можеле да тргнеме кон целта на обнова на украинскиот суверенитет“, наведе дипломатски избвор од Франција.

Британската агенција наведува дека, и покрај договорот за прекин на огнот од Минск 2015, има многу малку знаци дека може да се најде мирно решение на конфликтот.

Самитот во Париз е прва средба на овие четворица лидери во таканаречениот Нормандиски формат, откако Зеленски го замени Петро Порошенко на функцијата претседател на Украина.

Овозможувањето континуитет на стопанството треба да биде на прво место во агендата на Владата, бидејќи закрепнувањето на економијата ќе дојде токму од приватниот сектор.

повеќе

Светот првично се соочи со кризата предизвикана од коронавирусот на некоординиран начин, при што огромен број држави едноставно ги игнорираа предупредувањата и настапуваа самостојно.

повеќе

Пандемијата на коронавирусот која го зафати целиот свет, не само што има огромно влијание врз јавното здравство, општеството и економијата како целина, туку предизвика пустош и во спортот.

повеќе