Путин и Зеленски разговараа воочи примирјето, ги поздравија напорите за решавање на конфликтот

Во пресрет на почетокот на примирјето, украинскиот претседател Володимир Зеленски во телефонски разговор со рускиот претседател Владимир Путин ги поздрави напорите за решавање на конфликтот меѓу украинските сили и сепаратистите поддржани од Кремљ.

EPA-EFE/SERGEY DOLZHENKO

Москва и Киев претходно месецов прифатија да започне примирје во регионот Донбас во источна Украина, предуслов утврден со мировниот договор од Минск во 2015 година.

Повеќе од 13.000 луѓе се убиени во судирите меѓу борците поддржани од Русија и украинските трупи од 2014 година, кога Русија го анектираше Крим и кога проруските сили во источна Украина се побунија против Киев.

Претседателите на двете држави го поздравија договорот за целосен и глобален прекин на огнот во Донбас, се вели во соопштението на украинското претседателство.

Зеленски, исто така, повика на удвојување на напорите за ослободување на украинските затворени лица во Донбас, на Крим и во Русија, додека Кремљ ја истакна важноста двете страни во конфликтот безусловно да ги почитуваат договорите.

Претседателот Путин изрази загриженост во врска со законот што неодамна беше усвоен од украинскиот парламент кој го отвора патот за регионални избори во 2022 година, за кои смета дека се спротивни на договорите од Минск, како и дека ги загрозуваат изгледите за решавање на конфликтот.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE/SERGEY DOLZHENKO

Мислам дека Европа нема ни да дозволи полемика за македонскиот јазик затоа што тоа е строго научна работа. Освен нашите политичари-шупелки, никој друг не би посегнал по таа светост.

повеќе

Сега младите сакаат што е можно побрзо да ја напуштат својата земја. Тие веќе не се чувствуваат застапени и го изгубија чувството на припадност.

повеќе

Во либералните демократии веќе со години се продлабочува политичката поларизација, се намалува довербата во владеењето на правото и, институционално гледано, состојбата општо се распаѓа.

повеќе