На самитот Г20

Путин и Трамп ќе се сретнат во петок

Рускиот претседател Владимир Путин и неговиот американски колега Доналд Трамп ќе се сретнат на маргините на самитот Г20 во петок, на 28 јуни во Јапонија, соопшти дипломат на Кремљ, што ќе биде нивната прва официјална средба по речиси една година.

Средбата ќе се случи во време на растечки тензии околу Иран. Трамп се закани со одмазднички напади врз Иран откако Вашингтон го обвини Техеран за напади врз нафтени танкери во Ормушкиот теснец, а Иран собори американски шпионски дрон.

Иран ја отфрла одговорноста за нападите врз танкерите и тврди дека американскиот дрон го нарушил неговиот воздушен простор.

Договорите за контрола на вооружувањето од времето на Студената војна, од кои двајцата лидери се заканија дека ќе се повлечат, ќе бидат исто така важна тема на средбата, се наведува во соопштението на Кремљ за најавениот разговор.

Дипломатот Јури Ушаков кажа дека двајцата претседатели најверојатно ќе разговараат за „стратегиската стабилност во бројните регионални конфликти“, вклучувајќи ги оние во Сирија, Венецуела и тензиите со Иран.

Вашингтон сѐ уште официјално не ја потврдил средбата.

„Тоа не е официјален самит, но се очекува дека разговорот примарно ќе се фокусира на регионалните безбедносни проблеми, во Иран, Украина, Сирија, на Блискиот Исток“, изјави висок функционер на американската администрација. „Би требало да разговараат и за договорите за контрола на вооружувањето и за унапредувањето на билатералните односи“.

(Реакција на колумната на Наум Кајчев, „За Гологанови и нашата заедничка историја“, 15 септември 2019, МКД.мк)

повеќе

Деликатна јазична авантура е ако се излезе од основното и утврдено значење на зборовите и се прејде во сферата на жаргонот и колоквијалноста.

повеќе

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе