Путин ѝ се закани на Украина: Ајде да видиме како ќе заврши нивната контраофанзива

Рускиот претседател Владимир Путин со насмевка ја отфрли молскавичната украинска контраофанзива и предупреди дека Русија ќе одговори посилно доколку нејзините војници се под понатамошен притисок. По самитот на Шангајската организација за соработка во узбекистанскиот град Самарканд, Путин во петокот ја нарече инвазијата на Украина неопходен чекор за да се спречи, како што рече, заговорот на Западот да ја уништи Русија.

Фото: ЕПА

Москва не се брза во Украина и нејзините цели не се менуваат, рече Путин. „Властите во Киев објавија дека започнале и спроведуваат активна контраофанзивна операција. Ајде да видиме како тоа ќе се развива, како ќе заврши“, рече Путин со насмевка.

Тоа беше негова прва изјава откако руските сили избегаа од регионот Харков во североисточна Украина пред една недела, што предизвика невообичаено остри јавни критики на руските воени коментатори.

Русија возврати со напад на украинската инфраструктура, вклучително и на брана и на снабдувањето со електрична енергија, а Путин предупреди дека овие напади може да ескалираат. „Руските вооружени сили неодамна зададоа неколку чувствителни удари. Да претпоставиме дека тие се предупредување. Ако ситуацијата продолжи да се развива вака, тогаш одговорот ќе биде посериозен“, рече тој.

Путин рече и дека Русија постепено презема контрола над нови области на Украина. „Планот не е подложен на прилагодување“, рече рускиот претседател на прашањето дали треба да ја измени, како што ја нарекува, „специјалната воена операција“.

„Генералштабот смета дека една работа е важна, друга споредна, но главната задача останува непроменета и таа се спроведува“, рече Путин. „Главната цел е да се ослободи целата територија на Донбас“.

Путин негира дека Русија има некаква врска со енергетската криза во Европа и вели дека ако Европската унија сака повеќе гас, треба да ги укине санкциите што го спречуваат отворањето на гасоводот Северен тек 2. Тој ја обвини „зелената агенда“ за енергетската криза и инсистираше на тоа дека Русија ќе ги исполни своите енергетски обврски.

„Ако имате желба, ако ви е толку тешко, само укинете ги санкциите за Северен тек 2, што е 55 милијарди кубни метри гас годишно, само притиснете го копчето и сè ќе тргне“, рече Путин.

Северен тек 2 беше изграден пред една година, но Германија одлучи да го запре само неколку дена пред Русија да испрати свои војници во Украина на 24 февруари. Цените на гасот во Европа се зголемени повеќе од двојно од почетокот на годината поради помалите испораки од Русија.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Самата идеја на странските директни инвестиции е да донесе нови вработувања со повисоки плати кои треба да ги исплаќа странскиот инвеститор.

повеќе

Треба да се размисли за тоа дека сите предлози и промени кои доаѓаат од Брисел, не можат ефикасно да се применат и во Македонија и да се дејствува во правец на благосостојба на граѓаните, а не само на профитите.

повеќе

Предложеното законско решение се фокусира на аудиовизуелниот/радиодифузниот сектор, игнорирајќи ги последниве две децении на развој на дигиталниот домен и на интернет, со сите негови позитивни и негативни страни.

повеќе