„Едноставно нема резервни количини на глобалниот пазар, а испораките од други земји, пред се од САД, кои би можеле да бидат испратени во Европа ќе ги чинат потрошувачите многукратно повеќе“.
Лидерите во Европа се обидуваат да ја намалат зависноста од руската енергија. Украинскиот претседател Володимир Зеленски ги критикуваше земјите како Германија кои се против целосна забрана на руската нафта и гас - велејќи дека имаат крв на рацете.
Сепак, Путин исто така призна дека има „проблеми со плаќањето на руските извозни енергенти“ бидејќи банките од „непријателските земји го одложуваа трансферот на средствата“. „Како што многупати кажавме, тука најголем проблем е нарушувањето на извозната логистика“, рече тој.