Путин и Меркел се за специјален статус на Донбас во Украина

Рускиот претседател Владимир Путин и германската канцеларка Ангела Меркел го истакнаа значењето на воведување специјален статус на регионот Донбас во украинските закони.

Како што соопшти Кремљ, тие денес разговарале за тоа телефонски. Двете страни го истакнале значењето на целосната примена на Минскиот договор и останатите договори за решавање на украинскиот конфликт, се истакнува во соопштението.

„Соговорниците ја повторија посветеноста на понатамошната координација на напорите на Русија и Германија во рамки на Нормандиската четворка, вклучувајќи ги и подготовките за самитот во тој формат“, соошти Кремљ.

Се додава дека Путин и Меркел детално ги разгледале прашањата околу решавањето на украинската криза, со специјален акцент на Штајнмаеровата формула, која ја потпишаа претставниците на Киев, Доњецк и Луганск во Контакт групата, пренесува ТАСС.

Во соопштението се наведува дека биле спомнати и условите за транзит на рускиот гас низ украинска територија, за што се водат преговори меѓу Русија, Украина и Европската комисија.

„Во делот посветен на Сирија, соговорниците го истакнаа значењето на решавањето на хуманитарните проблеми, вклучувајќи го и враќањето на бегалците во своите домови“, се наведува во соопштението на Кремљ.

За преродба требаат само три чекора: промена на изборниот модел, укинување на мега и квази државниот апарат заедно со сите паразити во него и економски план за ревитализација на земјата.

повеќе

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе