Путин и Меркел открија за што разговарале, не сакаа да одговараат на прашања (ВИДЕО)

Рускиот претседател Владимир Путин и германската канцеларка Ангела Меркел се сретнаа денс во околината на Берлин за да разговараат за темите од конфликтите во Украина и Сирија, до Иран и проектот на гасоводот околу кој беснеат САД.

Седејќи покрај Путин Меркел кажа дека двете земји, а особено Русија како постојана членка на Советот за безбедност на Обединетите нации, имаат одговорност да се позанимаваат со овие проблеми.

Таа кажа дека планира да разговара околу човековите права со Путин како и за меѓусебните односи кои се тензични откако Русија го припои црноморскиот полуостров Крим во 2014 година.

„Мислам дека многу спорни прашања можат да се реашаваат во дијалог и низ дијалог“, им кажа Меркел на новинарите пред разговорот со Путин во Месеберг во близина на Берлин, пренесува Ројтерс.

Двајцата лидери изразија загриженост за Сирија и маките на големиот број бегалци кои ги создаде седумгодишната сириска војна.

Меркел кажа дека е нужно да се избегне хуманитарна криза во Идлиб во Сирија и во околниот регион и дека таа и Путин веќе разговарале за прашањето на уставните реформи и можните избори кога последен пат се сретнаа во мај во Сочи.

Путин им кажа на новинарите дека мора да се направи сѐ за да им се помогне на сириските бегалци да се вратат во својата земја и дека на Сирија ѝ е потребна помош во обновата.

Тој кажа и дека приливот на сириски бегалци во Европа претставува потенцијално „голем товар“.

Меркел се соочи со голем политички притисок поради отворањето на границите на Германија за стотици илјади сириски и други емигранти пред три години.

Русија, главниот поддржувач на сириската власт, во последните месеци го промени фокусот на дејствувањето од бомбардирања на воспоставување безбедни зони за да им се овозможи на сириските бегалци да се вратат во својата татковина.

Околу Украина Меркел кажа дека се надева дека ќе дојде до нови напори на почетокот на новата школска година да се раздвојат украинските воени сили и сепаратистите на линиите на фронтот во Донбас.

Меркел и Путин кажаа дека ќе разговараат за шансите за мировна мисија на Обединетите нации во источна Украина. „Мора да признаеме дека немаме траен прекин на огнот“, кажа Меркел.

Околу планираниот гасовод Северен тек 2 кој би го носел рускиот гас под Балтикот до Германија, Меркел кажа дека Украина и понатаму треба да има улога во транзитот на гас кон Европа и го поздрави почетокот на разговорите за тоа меѓу Европската Унија, Украина и Русија на таа тема.

Путин на новинарите им кажа дека гасоводот е исклучиво економски проект.

„Би сакал да истакнам дека главното нешто е украинскиот транзит, кој за нас е традиционален, да ги задоволи економските барања“, кажа тој. „Северен тек 2 е исклучиво економски проект“.

Соеднетите Држави вршат притисок врз Германија да ги сопре работите на гасоводот тврдејќи дека тој ќе ја зголеми енергетската зависност на Германија од Русија.

Украина стравува дека гасоводот ќе ѝ овозможи на Русија да ја исклучи од бизнисот со транзит на гасот, а соседите на Германија во источна Европа, нервозни околу навлегувањето на Русија, исто така изразуваат загриженост околу проектот.

Парадоксалните судски процеси во државава, сами по себе родија парадокс.

повеќе

Следејќи ги слепо своите геостратешки планови, можно е американските геостратези и во Македонија да направија уште една грешка, во низата грешки во последните две декади.

повеќе

Подгорица во 2019 година ќе добие споменик на Јосип Броз Тито.

повеќе