Путин и Ердоган за Сирија: Тамошниот мир зависи од турско-руските односи (ВИДЕО)

Претседателите на Русија и Турција Владимир Путин и Реџеп Таип Ердоган разговараа денес за новото насилство на северозападот на Сирија и потенцијалното зголемување на продажбата на руските одбранбени ракетни системи на Анкара и покрај противењето на Соединетите Американски Држави.

EPA-EFE

Разговорите беа одржани во руското црноморско летувалиште Сочи, а Кремљ објави дека Путин ја завршил својата самоизолација со средбата со турскиот колега. Ниеден лидер не даде подетална изјава за медиумите по средбата иако Путин му се заблагодари на Ердоган на посетата која ја опиша како корисна и конструктивна.

Турски функционери пред состанокот кажаа дека Ердоган ќе го притисне Путин да се врати на прекинот на огнот договорен минатата година за да прекине нападот на сириската војска со помош на Русите врз борците кои ги поддржува Турција во сирискиот регион Идлиб.

„Многу се важни чекорите кои заедно ги преземаме во Сирија. Тамошниот мир зависи од турско-руските односи“, му кажа Ердоган на Путин на почетокот на средбата.

Путин во воведниот коментар само накратко се осврна на Сирија, кажувајќи дека тоа е една од областите во која двете земји прилично успешно соработувале. Лидерот на Русија кажа дека преговорите со Турција се понекогаш тешки, но дека двете земји научиле да најдат компромиси на обострана корист.

На дневниот ред беше и потенцијалната турска набавка на дополнителни батерии на рускиот противвоздушен систем С-400, на што Вашингтон силно се противи. Ердоган му кажа на Путин дека сака да договори понатамошна одбранбена соработка и покрај американските преговори.

„На Генералното собрание на ОН, типичните лица особено нè испрашуваа за одредени прашања, нормално“, му кажа Ердоган на Путин.

„И онака им го дадовме потребниот одговор. Не е можно да се поништат чекорите кои веќе ги преземавме. Особено верувам дека за нас од голема важност е да продолжиме да ги јакнеме турско-руските односи секој ден“, кажа Ердоган.

Турција, членка на НАТО, купи руски одбранбен систем С-400 во 2019 година. САД тогаш воведоа санкции против турската одбранбена индустрија, а Вашингтон предупреди на понатамошни акции ако Турција продолжи да купува руско оружје.

Ердоган минатата недела даде до знаење дека Турција сè уште планира да набави втора серија од системот С-400 и додаде дека ниедна земја не може да ги диктира потезите на Анкара.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Дали и колку градовите им служат на интересите на своите граѓани (демократија) или на елитите кај кои се концентрира капиталот (авторитарност)?

повеќе

Освен тоа што муралите се моќно средство за комуникација, тие можат да бидат и предмет на манипулации, па и пропаганда, подигање тензии и продлабочување на недоразбирањата во БиХ.

повеќе

Процесот на донесување на буџетот ме потсетува на една изрека на поранешниот државен секретар на трезорот на САД, Џејкоб Лу (Jacob Lew) кој вели дека „Буџетот не е само колекција на бројки, туку израз на нашите вредности и аспирации“.

повеќе