Да се создадат услови бегалците да се вратат дома

Путин и Ердоган се договорија да ја смират ситуацијата во Идлиб, од утре примирје

Рускиот и турскиот лидер одржаа прес-конференција во Москва, откако постигнаа договор за смирување на сириско-турскиот конфликт во покраината Идлиб.

Рускиот претседател Владимир Путин и неговиот турски колега Реџеп Таип Ердоган денеска имаа повеќечасовни разговори во Москва.

За време на разговорите, Путин и Ердоган се договориле за документ со детали за прекин на огнот во Идлиб почнувајќи од полноќ на 6 март.

Во областа треба да се воспостави безбедносен коридор широк шест километри, при што на војските на двете земји ќе им биде дадена една недела за да ги договорат сите детали.

Руски и турски војници, исто така, ќе изведуваат заеднички патролни мисии по автопатот Идлиб М-4.

Документот, потпишан по преговорите, истакнува дека и Москва и Анкара остануваат посветени на одржување на територијалниот интегритет и суверенитет на Сирија.

Двајцата водачи признаа дека конфликтот во земјата нема воено решение и дека Сиријците треба сами да одлучат за судбината на својата земја. Исто така, било договорено да се помогне во спречувањето на хуманитарната криза во Идлиб и истовремено да се создадат услови бегалците да се вратат во своите домови.

Ердоган се согласи да дојде во престолнината на Русија по низата насилни судири меѓу турските и сириските сили во северозападниот регион на Сирија. Турскиот претседател им рече на новинарите дека се надева оти еднодневниот самит ќе резултира со прекин на огнот во Идлиб, кој и Дамаск и Москва го сметаат за последното терористичко упориште во Сирија.

Турција испрати илјадници војници, тенкови и беспилотни летала во Идлиб, како дел од „Операцијата Пролетен штит“. Москва го критикуваше овој потег, обвинувајќи ја Анкара дека ги штити силите во регионот поврзани со Ал каеда. Турција во договорот од 2018 година со Русија се заложи дека ќе ги разликува терористичките елементи од таканаречените „умерени бунтовници“ што го окупираат Идлиб - обврска за која Москва вели дека Турција не ја почитува.

„Новото нормално“ неизбежно со себе ќе носи неизвесност и страв бидејќи заканата од вирусот наѕира во позадина и не може да се искорени.

повеќе

„Шарената револуција“ беше енергија и граѓански порив за промени. Малку застранивме.

повеќе