Состанокот траеше повеќе од шест часа

Путин и Ердоган најдоа „судбоносно решение“ за ситуацијата во Сирија (ВИДЕО)

Претседателите на Русија и Турција, Владимир Путин и Реџеп Таип Ердоган, се сретнаа во Сочи неколку часа пред истекот на договорот за прекин на огнот на северот на Сирија.

Средбата на Путин и Ердоган траеше повеќе од шест часа, а двајцата претседатели соопштија дека нашле судбоносно решение за ситуацијата на сириско-турската граница.

Ердоган изјави дека со Путин постигнал договор курдските борци да се повлечат 30 километри од пограничната област на североистокот на Сирија во рок од 150 часа.

Тој додаде дека периодот од 150 часа – нешто повеќе од шест дена, ќе почне да тече утре напладне.

Путин повтори дека сите странски воени сили мора да ја напуштат Сирија, за да се зачува територијалниот интегритет на таа земја, а дека сириската влада и Курдите треба да преговараат.

Ердоган кажа дека со Русија е постигнат историски договор за сириските бегалци и дека охрабрува деескалација на ситуацијата во регионот.

Според договорот, турската воена операција продолжува во ограничен дел од 32 километри од сириската граница, а потоа во таа област ќе патролираат единици на турската војска и руската воена полиција.

„Каде да летнеме викендов е пристап што како таков повеќе нема да постои“...

повеќе

Зголемувањето на парите за финансирање на партиите не помагаат во поттикнувањето на политичката активност на граѓаните, туку веројатно и делуваат контрапродуктивно, зголемувајќи ја недовербата во партиите и политичарите.

повеќе

За помалку од еден месец по олеснувањето на рестриктивните мерки, Косово се соочува со нагло зголемување на бројот на случаи со ковид-19, 

повеќе