Путин и Ердоган би можеле следната недела да се сретнат во Москва

Рускиот претседател Владимир Путин и неговиот турски колега Реџеп Таип Ердоган би можеле следната недела да се сретнат во Москва додека траат тензиите во Сирија, соопшти денес Кремљ.

„Се подготвува можна средба на највисоко ниво во Москва на 5 или 6 март“, изјави портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков, пренесуваат руските новински агенции.

Напредувањето на силите на сирискиот претседател Башар ал Асад во провинцијата Идлиб, последното упориште на антивладините бунтовници и џихадистите во Сирија, предизвика криза меѓу Москва, главниот сојузник на режимот во Дамаск, и Анкара, која поддржува одделни милитантни групи.

Турската војска вчера ја претрпе најголемата загуба во некој напад од почетокот на својата интервенција во Сирија во 2016 година губејќи повеќе од 30 војници во воздушен напад на сириската војска.

Ердоган и Путин утринава телефонски разговарале и изразиле сериозна загриженост поради состојбата во Идлиб, според претходно соопштение на Кремљ.

Русија и Турција во 2018 година во Сочи склучија договор кој предвидува прекин на конфликтот и поставување турски набљудувачки позиции во провинцијата Идлиб, но договорот пропадна во последните недели, за што двете страни си ја префрлаат одговорноста.

Од 2017 година одржани се пет самити на Ердоган, Путин и иранскиот претседател Хасан Рохани, а последниот беше во септември 2019 во Анкара.

„Шарената револуција“ беше енергија и граѓански порив за промени. Малку застранивме.

повеќе

Државниот врв на Србија, вклучително и група лекари кои ја предводат борбата против ширењето на вирусот корона, во најмала рака го игнорираа влошувањето сè додека не заврши гласањето.

повеќе

Како Босна и Херцеговина се справи и се уште се справува со кризата предизвикана од пандемијата? Зошто немавме единствен кризен штаб на ниво на држава? 

повеќе