петок, 10 мај 2024

Варуфакис ја тужи Германија: Авторитарната пракса во бастионите на либералната демократија

Паневропската партија Дием25 на грчкиот политичар Јанис Варуфакис соопшти дека тој поднел тужба против државата Германија бидејќи му беше забранет влез во таа земја на 12 април, кога требаше да присуствува на Палестинскиот конгрес.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Во соопштението се наведува дека, по барањето на Варуфакис за објаснување за забраната за влез во Германија, таа држава одбила да одговори, повикувајќи се на „националната безбедност“.

„Имајќи го предвид ова јасно кршење на германските и европските закони, Варуфакис ја води германската власт на суд поради кршење на неговите основни права и клевета, наведувајќи ја неговата намера да се жали, ако има потреба, во европските судови“, пишува во соопштението.

Се додава дека на суд во Германија му се предадени документи кои потсетуваат дека Варуфакис требало да зборува на јавен настан кој заедно го организирале неговата партија и еврејска невладина организација „Еврејски глас за мир“, што ги прави „обвинувањата за антисемитизам бесмислени“ во случајот на полициската забрана на тој настан.

Во соопштението се наведува дека германската држава, со повикувањето на националната безбедност „го оправдала своето приближување кон тоталитаризмот“ и „ги распуштила владеењето на правото и најважниот принцип на ЕУ – слободата на граѓаните за движење и политички ангажман“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ