Од Студената војна

Путин го укина договорот за нуклеарно разоружување со САД

Рускиот претседател Владимир Путин потпиша закон со кој се укинува Договорот ИНФ од времето на Студената војна. Путин во февруари најави дека ќе ја повлече Русија од договорот.

Владимир Путин потпиша федерален закон за укинување на Договорот за нуклеарните ракети со краток и среден дострел (ИНФ).

Документот е објавен на веб-сајтот на руската влада.

Договорот за елиминирање на ракетите со среден (1.000-5.500) и краток дострел (500-1.000) е склопен во 1987 меѓу САД и Советскиот Сојуз.

Соединетите Држави најавија дека ќе се повлечат од договорот на 2 август, како причина наведувајќи дека Русија развива ракети што го прекршуваат договорот.

Ако идниот премиер биде македонски Албанец и ако успее сите граѓани на Македонија да се поклонуваат под едно знаме, тогаш – зошто да не!

повеќе

Стана премногу вообичаено да се слушнат повици за брза и сериозна одмазда како одговор на недокажани престапи на говорот и мислата, велат Ноам Чомски, Џ.К. Роулинг и 150 други интелектуалци во отворено писмо до јавноста.

повеќе

Додека повеќето земји во светот се соочуваа со двојна, здравствена и економска криза, Косово преминуваше во тројна криза заради политичките случувања.

повеќе