Путин го прими сирискиот претседател и го критикуваше мешањето на странските сили во Сирија

Рускиот претседател Владимир Путин го критикуваше присуството на странски сили во Сирија и ја поздрави значителната штета нанесена на бунтовниците и џихадистите, при приемот на својот сојузник Башар ал Асад во Русија, соопшти Кремљ.

Фото: ЕПА

На ретката средба во четири очи меѓу двајцата лидери, што се одржа вчера, Путин оцени дека терористите претрпеле значителна штета во Сирија, каде владините сили контролираат, според него, 90 проценти од територијата. Сепак, Путин оцени, како што е наведено во соопштението на Кремљ, дека основниот проблем во Сирија е присуството на странски сили на нејзина територија.

„Странските вооружени сили, без одлука на ОН, без ваша согласност, се присутни во некои области на земјата, што е очигледно спротивно на меѓународното право и не дозволува да се вложат максимални напори за консолидација на земјата и напредок на патот кон обнова“, оцени Путин. Рускиот претседател, исто така, рече дека Асад прави многу за да воспостави дијалог со политичките противници.

Башар ал Асад ги поздрави значајните резултати што ги постигнаа Русија и Сирија во ослободувањето на териториите окупирани од бунтовниците и во уништувањето на тероризмот, додаде Кремљ.

Тој, сепак, нагласи дека политичкиот процес што започна со цел да се стави крај на војната во Сирија е запрен. Тоа го припиша на деструктивното влијание од некои земји кои воведоа нелегални санкции против сирискиот народ.

Русија воено интервенираше во Сирија во 2015 година за да им помогне на силите на Башар ал Асад да го освојат поголемиот дел од територијата окупирана од бунтовниците и џихадистите. Москва има воени бази во Сирија. Неколку циклуси преговори под покровителство на ОН не успеаја да го запрат насилството во Сирија, која има околу 500.000 мртви и милиони раселени од почетокот на војната во 2011 година.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Колку и да сакаме Украинците да добијат целосна правда, на ерата на славни војни, несомнени победи и чисти порази ѝ дојде крајот. 

повеќе

Македонскиот народ мора да ја заштити автокефалноста на својата Македонска православна црква - Охридска архиепископија, како еден од носечките елементи на неговиот идентитет, од сите загрозувања од Фанар, од СПЦ и другите меѓународни црковни и други чинители. Време е за нов Македонски црковно-народен собир, како во 1945 година.

повеќе

Сите политичари и безмалку сите новинари во Македонија, се со став дека нема или поточно не е можен план Б во преговарањето за влез во ЕУ со Бугарија.

повеќе