Откако слета во Белград

Путин го прегрна Дачиќ, а на другите им подаде рака (ФОТО)

Рускиот претседател Владимир Путин пристигна во Белград на еднодневна посета, а српското политичко раководство го поздрави на аеродромот.

По слетувањето на аеродромот „Никола Тесла“, рускиот претседател се ракуваше со српскиот претседател Александар Вучиќ, со српската премиерка Ана Брнабиќ и со присутните министри, додека срдечно го прегрна српскиот министер за надворешни работи, Ивица Дачиќ. 

Српскиот претседател Вучиќ потоа приреди свечен пречек за рускиот претседател пред Палатата Србија. Вучиќ и Путин потоа отидоа на состанок во потесен формат, пренесе Б92.

Тие прво разговараа во четири очи, а потоа им се придружија и неколку министри.

Едно современо демократско општество се разликува од тоталитарното токму по тоа што јавната критика е основно полемичко право и должност на медиумите.

повеќе

Македонските граѓани конечно го гледаат крајот на илузијата што им се продава од осамостопјувањето до денес.

повеќе

Министерот за финансии не треба да е кум, баџанак, шура, братучед или самиот тој, бидејќи треба да даде отпор на честите политички, но не и економски барања на членовите на владата.

повеќе