Во нова книга

Путин го предупреди Џорџ Буш за терористички напад неколку дена пред 11/9, тврди агент на ЦИА

Поранешен агент на ЦИА тврди дека рускиот претседател го предупредил својот американски колега во 2001 година.

Рускиот претседател Владимир Путин го предупредил Џорџ В. Буш за терористичките напади од 11 септември два дена пред тие да се случат, тврди бивш шпион, пренесува Дејли стар.

Поранешниот агент на ЦИА, Џорџ Бибе, наводно, го спомнал предупредувањето од Путин до Буш во неодамнешната книга наречена „Руска стапица: Како нашата војна во сенка со Русија може да се претвори во нуклеарна катастрофа“.

Вишиот оперативец од времето на Буш напишал дека Путин го предупредил поранешниот американски претседател 48 часа пред два авионите да го погодат Светскиот трговски центар.

Раша тудеј цитира извадок од книгата: „Путин му телефонираше на претседателот Буш два дена пред нападите, за да го предупреди дека руските разузнавачи откриле знаци на почеток на терористичка кампања, 'нешто што долго се подготвува', што доаѓа од Авганистан“.

Нема никаков запис дека Путин некогаш рекол дека ги предупредил САД за закана од Авганистан пред нападот.

На 18 јуни 2004 година Путин тврдеше дека руските разузнавачи добиле вест дека Садам Хусеин планира напад по 11/9.

Тој рече: „По 11 септември 2001 година и пред почетокот на воената операција во Ирак, руските специјални служби постојано добиваа информации дека официјални лица од режимот на Садам подготвувале терористички напади во Соединетите Држави и надвор од нив против американската војска и други интереси“.

Но претседателот додаде важна информација: „Едно е да имате информации дека режимот на Садам подготвува терористички напади, но ние немавме информации дека тој бил вмешан во какви било познати терористички напади“.

По 9/11 е широко прифатено дека Садам Хусеин не бил одговорен за нападите врз Светскиот трговски центар и Пентагон.

Буш призна дека диктаторот немал никаква улога во нападите откако американските сили и Велика Британија не успеаја да најдат оружје за масовно уништување по инвазијата на Ирак.

Во телевизиски говор во 2006 година Буш рече: „Честопати ме прашуваат зошто сме во Ирак кога Садам Хусеин не бил одговорен за нападите од 11/9.“

„Одговорот е дека режимот на Садам Хусеин беше очигледна закана“.

„Светот е побезбеден затоа што Садам Хусеин веќе не е на власт“, додаде тој.

Нема пазар доколку нема информации. Дајте ги информациите за пазарот на грозје.

повеќе

Овој термин, без исклучок го употребуваат сите партии кога се во опозиција. СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, Алијанса за Албанците, ДПА...

повеќе