Им испратил писма на повеќе земји

Путин го повикал НАТО на мораториум за распоредувањето ракети

Рускиот претседател Владимир Путин испратил писма на државните врвови на повеќе земји, вклучувајќи членки на НАТО, предложувајќи мораториум на распоредувањето на ракети од среден и краток дострел.

Како што јавува рускиот весник Комерсант, повикувајќи се на извор запознаен со содржината на документот, писмото наводно било испратено уште на 19 септември.

Се напоменува дека писмото го примиле и шефицата на европската дипломатија Федерика Могерини и генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг.

Комерсант пишува дека Москва веќе им предлагаше слични договори на државите на Алијансата, но дека тие досега не покажале интерес за тоа. „Ве повикуваме да ги поддржите нашите напори со залагање во корист на прогласување мораториум на распоредувањето на ракети од среден и краток дострел со копнено базирање во рамки на НАТО, сличен на оној што го најави Русија“, пишува во писмото.

Од Путиновото писмо се гледа дека дури и без Договорот за елиминација на ракетите (ИНФ) Русија е спремна да се договара со земјите од НАТО за некои мерки на верификација, истакнува рускиот весник.

Договорот за елиминација на ракетите со среден и краток дострел беше потпишан на 8 декември 1987 година, за време на посетата на советскиот лидер Михаил Горбачов на Вашингтон. Страните се обврзаа да ги уништат сите системи на балистички и крстосувачки ракети поставени на копно со среден и краток дострел (од 1.000 до 5.500 и од 500 до 1.000 километри).

Во октомври 2018 година американскиот претседател Доналд Трамп најави повлекување на Вашингтон од договорот, обвинувајќи ја Русија за негово долгорочно кршење, за што американската страна не даде никакви докази.

Како одговор на потегот на САД Русија во 2019 година го прекина своето учество во договорот, кој престана да важи на почетокот на август.

Третманот и плаќањето на работникот од кого зависи целиот производствен систем, треба да биде на прво место кај државата и работодавачот. 

повеќе

Дали верувате дека до ова дереџе се дојде за една ноќ, еден месец, една година? Вистината е дека години се потребни за таков пад.

повеќе

Макси помпа, просечен дипломатски и небитен медиумски ефект.

повеќе