Путин го потпиша законот за уставни измени, ќе му овозможи уште два мандати

Рускиот претседател, Владимир Путин, денеска го потпиша законот за уставни измени што ќе му овозможат да се кандидира за уште два мандати по истекот на сегашниот, објави Тасс.

Предлог-законот за измени и дополнувања на Уставот од 68 страници го објави руската правосудна служба на својата веб-страница.

Тасс пишува дека документот бил доставен до Уставниот суд.

„На 14 март Уставниот суд на Руската Федерација доби барање од претседателот за измени на уставот“, за кој граѓаните ќе се изјаснат на референдум, се вели во соопштението на судот.

Путин го потпиша документот три дена откако беше донесен во рускиот парламент со само еден глас против.

Законот допрва треба да биде одобрен од Уставниот суд, а руските граѓани за него да се изјаснат на референдум на 22 април.

Според сегашниот закон, Путин не би можел да се кандидира за претседател во 2024 година поради ограничениот број на последователни мандати на два, но предвидените измени во уставот му овозможуваат да се кандидира за уште два шестгодишни мандати.

Руската опозиција ја нарече одлуката „узурпација на моќта“.

Другите измени во највисокиот правен акт, меѓу другото, го потенцираат приоритетот на руското законодавство во однос на странското, ги забрануваат истополовите бракови и воведуваат „верба во Бога“ како една од традиционалните руски вредности.

Даночните затајувачи сѐ почесто се мали фирми, кои сѐ потешко се следат.

повеќе

Повлекувањето на Обединетото кралство од ЕУ (Брегзит) е правен потфат без преседан во историјата на правото.

повеќе

Изминатата недела имаше бурен почеток со објавувањето на вториот сет мерки. Се изнаслушавме разно-разни коментари, предлози и видувања кои никако не би можело да се рече дека се засновани на прецизни анализи и предвидувања на надлежните институции во државата, со кои располагаме, НБРСМ и МФ.

повеќе