Путин го посети Калининград: „Нашата мисија во Украина е Киев да престане да го напаѓа Донбас“ (ВИДЕО)

Рускиот претседател Владимир Путин ја посети денес руската ексклава Калининград, вклештена меѓу членки на НАТО, во време на тензии меѓу Москва и Западот околу руската агресија на Украина.

EPA-EFE

Путин посетата ја почна со средба со учениците на денот на почетокот на школската година, при што одговараше на разни прашања од економијата, преку вселенската програма до офанзивата на Русија на Украина.

„Нашата и мисијата на нашите војници е да се сопре војната на Киев против Донбас, да се заштитат луѓето и, нормално, да се брани самата Русија“, порача Путин. Рускиот претседател кажа дека жителите на Донбас, украинскиот регион во кој живее главно русофоно население, „се сметаат за дел од културниот и лингвистички простор на Русија“.

Посетата на Путин на Калининград се случува во време на големи тензии и околу руската ексклава на Балтичкото Море, сместена меѓу Полска и Литванија, две членки на НАТО.

Литванија во јуни престана да го дозволува транзитот на стока кон Калининград поради санкциите кои Европската Унија ги воведе против Москва.

Русија поради таа одлука протестираше и упати закани, поради што ЕУ го повика официјален Вилнус да го одобри транзитот на руската стока кон Калининград, но со забрана за превоз на воени материјали. Во тој контекст Кремљ во август најави дека во Калининград ќе распореди хиперсонични ракети.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Како да ги зачуваме националните и креативни наследства со помош на вештачката интелигенција?

повеќе

Ќутејќи - банализирамо. Банализирајќи - нормализирамо. Нормализирајќи - дозвољуемо пред очи да ни се повампируа фашизмот и нацизмот.

повеќе

Самата идеја на странските директни инвестиции е да донесе нови вработувања со повисоки плати кои треба да ги исплаќа странскиот инвеститор.

повеќе