Еден од најславните советници на рускиот лидер

Путин го отпушти идеологот на „путинизмот“ и стратегот на анексијата на Крим

Рускиот претседател Владимир Путин го отпишти во вторникот Владислав Сурков, еден од своите најславни советници, творецот на „путинизмот“ и „вертикалата на моќта“ за чие заминување се зборуваше со недели.

Смената на 55-годишниот Сурков е објавена со претседателски указ на интернет страницата на Кремљ, а неговите можни идни функции не се соопштени.

Сурков вече на 11 февруари на должноста главен преговарач за конфликтот на истокот на Украина го населди заменик шефот на претседателската администрација Смиртиј Козак (61), што настапи во време на обновата на мировиот процес меѓу Москва и Киев.

Руската опозиција не го поднесува Сурков бидејќи тој од претседателската администрација на почетокот на 2000 организираше воспоставување на системот на власта преку контролираните медиуми, кротката опозиција во парламентот и задушување на протестите.

Токму Сурков е творец на концептот „вертикала на моќта“, државната моќ која зависи само од Владимир Путин.

Од 2014 е главен стратег во украинската криза, обележана со припојувањето на Крим во 2014 и судирот на силите на Киев и проруските бунтовници на истокот на земјата во кој загинаа над 13.000 луѓе.

Тој беше опседнат со спречување на прозападните народни бунтови кои избија во неколку поранешни советски републики, како Портокаловата револуција во Украина во 2004 и Револуцијата на ружите во Грузија во 2003.

Додека Москва не признава дека финансиски и воено ги поддржува сепаратистите, Сурков не ги крие личните врски со нив. На погребот на Александр Захарченко, еден од лидерите на бунтовниците на истокот на Украина, убиен во 2018, јавно го нарече „брат“.

Западните санкции наметнати на Русија токму поради нејзината улога во конфликтот на истокот на Украина Сурков ги нарече „политички Оскар“ и „голема чест“.

И покрај тоа, Сурков е страсен љубител на американската култура, обожавател на рапот на Тупак Шакур чија фотографија висела на ѕидот на неговата канцеларија во Кремљ покрај таа на Че Гевара.

Роден е во 1964 година од татко Чеченец и мајка Русинка, а кариерата ја почнал во 1987, во банката Менатеп во која го вработил Михаил Ходоровски, човекот кој израсна во олигарх и милијардер па стана најголемиот непријател на Путин.

Сурков беше забележан и вработен во Кремљ нешто пред ненадејното повлекување на Борис Јелцин од претседателската должност во 1999 со доаѓањето на Путин на власт.

Државниот врв на Србија, вклучително и група лекари кои ја предводат борбата против ширењето на вирусот корона, во најмала рака го игнорираа влошувањето сè додека не заврши гласањето.

повеќе

Како Босна и Херцеговина се справи и се уште се справува со кризата предизвикана од пандемијата? Зошто немавме единствен кризен штаб на ниво на држава? 

повеќе

На 2 јуни во Црна Гора беше прогласен крај на епидемијата. Од првиот бран, земјата излезе со следниот биланс: 324 заразени и 9 починати лица.

повеќе