„Се сметам за обичен човек“

Путин го откри кодното име од школата за разузнавачи

Претседателот на Русија Владимир Путин изјави дека шифрираното име во школата за разузнавачи му било „Платов“, пренесуваат руските медиуми.

Тасс јавува дека Путин тоа го кажал за време на интервју на руска телевизија со млади Руси од десет до 17 години кои на рускиот претседтел му поставувале прашања во емисијата „Сериозен разговор со Владимир Путин“.

Тој кажа дека себеси се смета за „онична личност“ која сака да чита историски романи и да го слуша Моцарт, а единствената разлика е што има работа поинаква од дргите.

„Себеси се сметам за обичен човек“, кажа Путин, истакнувајќи дека иако работи работа поинаква од другите има „нормален и обичен живот“.

Рускиот претседател кажа дека секојдневно наоѓа време да слуша музика, да се бави со спорт и да одржува контакти со пријателите.

„Сакам да читам, особено историски романи. Секогаш со задоволство слушам класична музика – Бах, Бетовен, Моцарт. Можеби, пред сите други, Моцарт“, кажа Путин.

Тој кажа и дека не ги користи социјалните мрежи, бидејќи „работните денови му се премногу исполнети“.

„Завршувам доцна во ноќта и не сум расположен за инстаграм. Сѐ на што мислам е да легнам во кревет и да спијам“, кажа Путин.

Рускиот претседател додаде дека знае дека постојат илјадници профили на социјалните мрежи со неговото име.

„Немам ништо со тоа. Само внимавајте. Значи, сѐ што е напишано во мое име – тоа не сум јас“, истакна Путин.

Тој додаде дека се надева дека луѓето кои ги водат тие профили нема да пишуваат ништо лошо во негово име.

„Кога сме веќе кај лозинките, тие се само прекари. Како што знаете, јас ја почнав кариерата во разузнавачките агенции кои се бавеа со странство и понекогаш користев алијаси поради технолошката неопходност. Кога бев во школата за разузнавачи, шифрираното име ми беше Платов“, кажа Путин.

Тој истакна и дека во денешно време какви било прекари се „едноставно смешни“.

„Зошто да се криеме зад прекари? Ако човек работи нешто вредно и интересно, нешто за што е горд, би требало тоа да го каже“, оцени рускиот претседател.

Путин кажа и дека сѐ уште не решил дали ќе се кандидира на претседателските избори во 2018 година и дека нема да го менува членот на рускиот устав кој се однесува на изборот на шефот на државата.

„Сѐ уште не сум решил дали треба да ја продолжам својата работа со ова темпо. Ќе видам. Изборите се одржуваат во 2018 година. Сѐ уште има време за предизборната трка. Ќе видиме“, кажа Путин во програмата „Сериозен разговор со Владими Путин“.

Тој истакна дека „еднаш ќе мора“ да отстапи од претседателската функција, истакнувајќи дека уставот предвидува ограничен претседателски мандат.

Според рускиот устав, еден човек не може да биде претседател на државата по два последователно отслужени мандати. Путин стана претседател во 2012 година, а пред тоа веќе беше на функцијата претседател од 2000 до 2008 година.

Најновите случувања на релација политичка власт-граѓански сектор, повторно го отвораат прашањето за односите помеѓу овие два сегмента на општествениот живот.

повеќе

Жените имаат повеќе тешкотии од мажите да најдат значајна и добро платена работа, а процентот на жени во глобалната работна сила постојано заостанува зад процентот на мажите. 

повеќе

Во нашето општество сме опкружени со многу, многу партизани. Партизани во политиката, партизани во образованието и науката, партизани во бизнисот...

повеќе