Путин го исполни ветувањето дадено пред 20 години - испи чашка вотка (ВИДЕО)

Рускиот претседател Владимир Путин испи чашка вотка што ја одби и остави недопрена за време на неговата посета на Дагестан во август 1999 година.

На овој начин, тој го исполни ветувањето дадено пред 20 години.

Путин се состана со учесниците на народното востание кои учествуваа во борбите во Дагестан во август и септември 1999 година. Откако изговори поздрави и се сети на минатите настани, шефот на државата го заврши својот говор кревајќи чашка вотка и испивајќи ја.

„Сакам да ве поздравам со сето срце, и да ви се заблагодарам на поканата. Ме поканивте во живо, дојдов со задоволство“, рече претседателот.

„Се сеќавам на тие настани, апсолутно искрено велам: тоа што се случи тука ми беше исклучително важно. Тоа беше апсолутно принципиелна работа, затоа што видов што луѓето поддржуваат, сфатив дека луѓето се подготвени на најголемите жртви за својата татковина“, рече Путин.

Според него, од тој момент, му било „јасно дека ќе победиме, дека терористите нема да нè окупираат и дека немаат шанси. Токму во тој момент“, додаде тој.

Деновиве, во Дагестан се одбележува 20-годишнината од упадот на терористите од Чеченија и нивниот пораз. Пристигнувањето на Путин во регионот Ботли во Дагестан, два дена по неговото назначување за вршител на должноста премиер, во голема мерка го подигнало моралот на населението. Тогаш, за време на средбата меѓу Путин и воените генерали, се случила познатата анегдота со чашката алкохол. По обраќањето на Путин, сите кренале чашки во здравица, а тој ја удрил од масата и рекол: „Ќе пиеме кога ќе победиме“.

На овогодинешната конференција „Директна линија со Владимир Путин“, претседателот го потсетиле на настанот, а Путин тогаш вети дека ќе ја испие чашката која во август 1999 година ја оставил недопрена.

Нема пазар доколку нема информации. Дајте ги информациите за пазарот на грозје.

повеќе

Овој термин, без исклучок го употребуваат сите партии кога се во опозиција. СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, Алијанса за Албанците, ДПА...

повеќе