Москва

Путин: Го игнорирам Порошенко

Рускиот претседател Владимир Путин потврди дека ги игнорира повиците од украинскиот лидер Петар Порошенко.

Порошенко рече дека се обидел да го контактира Путин преку телефон за време на кризата меѓу двете земји, но откри дека Путин ги игнорира неговите повици.

Путин потврди дека ги одбивал повиците на Порошенко, кого го обвини за разгорување на најновата криза со цел да постигне политички поени.

Путин на руските новински агенции денес им кажа дека не станува збор за тоа дека не сака да разговара со Порошенко, туку дека не сака да учествува во неговата предизборна кампања.

„Не се работи за тоа дека избегнувам разговор или дека не сакам да разговарам со Пјотр Алексеевич (Порошенко), не е тоа“, рече Путин. „Се работи за тоа дека не сакам да учествувам во неговата предизборна кампања“, истакна рускиот претседател, пренесе Тасс.

Според Путин, Порошенко е добар да создаде кризи и да исценира провокации за кои веднаш ја обвинува Русија, а во исто време „веднаш сака да им покаже на сите дека може успешно да ги реши настанатите проблеми“.

„Тоа е едноставен трик, а јас не сакам да бидам дел од овие трикови и нема да учествувам во нив“, додаде рускиот лидер.

Кризата на вредности влијае негативно на балансот помеѓу императивот за слобода и потребата за безбедност, стеснувајќи го либералниот простор на современо конципираните општества.

повеќе

Mора да се научиме како да ги градиме политиките кои ќе водат кон осврт на сите теми важни за градење позитивен мир, но и реторички да останеме конзистентни на она за што се залагаме.

повеќе

Во изминатите 24 години откако Македонија и САД воспоставија официјални дипломатски односи, македонско-американските трговски врски растат бавно, но сигурно.

повеќе