Путин: Ги уништивме терористите од двете страни на Еуфрат во Сирија

Рускиот претседател Владимир Путин кажа дека е постигната целосна победа над Исламска држава на двете страни на реката Еуфрат во Сирија, пренесува руската новинска агенција Интерфакс.

Путин истакна дека воената операција во тој регион сега е завршена и дека фокусот може да се префрли врз политичкиот процес во кој конечно ќе се вклучат претседателски и парламентарни избори.

Рускиот претседател не прецизираше дали мисли на цела Сирија или само на регионите околу долината на реката Еуфрат.

Руската воена интервенција во Сирија од 2015 година ја сврте насоката на конфликтот во корист на сојузникот на Москва, претседателот Башар Ал Асад.

„Пред два часа рускиот министер за одбрана му јави дека операциите на источниот и на западниот брег на Еуфрат се завршени со целосен пораз на терористите“, кажа Путин.

Тој додаде дека сѐ уште постојат џебови на отпор, но дека вкупното воено дејствува „на ова ниво и на оваа територија е завршено“.

„Треба да се премине на ново ниво, да се почне политичкиот процес“, кажа рускиот претседател.

Природната и суровата храна се заменува со фабрички подготвени оброци и со обработена храна.

повеќе

Гувернерот, кој и да е, не е ничиј должник. Ниту на предлагачот, ниту на тие што ќе го изгласаат.

повеќе

Родовото прашање е клучен двигател за резултатите на здравството.

повеќе