Путин ги предупреди Ерменците: Повлекување од договорот е самоубиство

Рускиот претседател Владимир Путин ја предупреди ерменската влада дека обид за непочитување на примирјето во Нагорно Карабах би бил „самоубиствен потег“.

EPA-EFE

Опозицијата во Ереван веќе со денови протестира поради примирјето кое со Азербејџан го потпиша премиерот Никол Пашинјан и бара негова оставка. Путин во телевизиско интервју објавено синоќа на прашањето дали ерменската влада би можела да се повлече од договорот кажа дека тоа би била „огромна грешка“.

Договорот, врз основа на кој Ерменците изгубија територии освоени во 1990-тите, го заврши новиот, шестнеделен конфликт на Ерменија и Азербејџан. Во Ереван договорот е доживеан како капитулација на Ерменија и препуштање територии на непријателот. Нагорно Карабах е меѓународно призната територија на Азербејџан која до минатата недела беше под власт на Ерменија.

Губењето територија предизвика гнев на јавноста која сега бара оставка од премиерот и нови избори. Министерот за надворешни работи поднесе оставка поради мировниот договор. Ерменските безбедносни служби минатата недела соопштија дека спречиле обид за убиство на Пашинјан кој ѝ порача на опозицијата дека нема намера да поднесе оставка.

„Земја која е во војна или во опасност да продолжат непријателствата, како што беше случајот во минатите години, не може да си дозволи така да се однесува. Мислам дека тоа е апсолутно екстремно опасно“, кажа Путин.

Русија е посредник во мировниот договор на Ерменците и Азербејџанците и испрати 2.000 војници во регионот кои таму како мировни сили ќе го контролираат спроведувањето на договорот.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Структурното насилство кон трансродовите и родово небинарните луѓе е препрека во нивното реализирање како полноправни членови на општеството.

повеќе

И сега вие замислете, на едно детенце од 6 години да му кажувате со авторитет на наставник дека не треба да се дефинира како машко или женско.

повеќе

Засега СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ и нивните заеднички алтер-фабрикати не даваат впечаток дека го разбираат новосоздадениот замаец.

повеќе