За справување со кризата

Путин ги праќа Русите на десетдневен одмор

Рускиот претседател Владимир Путин објави дека планира да прогласи 10 неработни дена за пандемијата на коронавирусот во таа земја да се стави под контрола.

EPA-EFE

Како што пренесува Франс прес, но и руските агенции, претседателот на Русија се согласил бројот на неработни денови околу 1 мај да се продолжи за два, па така Русите ќе заминат на принуден одмор.

Се наведува дека принудниот одмор ќе почне на 1 мај и ќе трае до 11 мај, кој треба да е работен.

РИА Новости наведува дека тој предлог го изнела директорката на Федералната служба за заштита на потрошувачите и социјални прашања Ана Попова.

Агенциите наведуваат и дека Русија по официјалните канали соопштува дека бројот на новозаболените во земјата е под контрола, како и дека е низок во однос на вкупниот број жители. Меѓутоа, опозициските медиуми тврдат дека ситуацијата е многу полоша отколку што официјално се претставува, а како доказ за тоа се повикуваат на сè почестите изјави на градоначалникот на Москва кој кажува дека бројот на новозаразени во Москва постојано се зголемува.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Кусокот во глобалното производство на вакцини против КОВИД-19 може да се надомести доколку на производителите ширум светот им се даде пристап до потребната технологија и знаење. 

повеќе

Европа е решена да се ослободи од меката моќ на Москва (енергенсите), а и на дипломатско поле сака да и стави до знаење дека и за неа ќе има „црвени линии“. 

повеќе

Незабележливите разлики во нашето однесување кои се дел од психолошката манипулација на социјалните мрежи се предизвикани од надзорниот капитализам и ја нарушуваат демократската култура и личната автономија.

повеќе