Во моментов надвор од земјата се наоѓаат над 6,5 милиони сириски бегалци, кажа Путин во видео-разговорот со сирискиот претседател Башар ал Асад, според транскриптот што го објави Кремљ.
„Повеќето од нив се способни граѓани кои би можеле и би требало да учествуваат во изградбата на својата земја“, кажа Путин.
Русија му беше клучен сојузник на Асад за време на разурнувањето на Сирија, а присуството на руската војска го сврти конфликтот во корист на сирискиот претседател.
Путин во разговорот кажа дека Сирија мора да се фокусира на обновата бидејќи екстремистичките сили во земјата се поприлично поразени.
Руска делегација треба да учествува на конференција во Дамаск во среда и четврток за да се поттикне враќање на бегалците во Сирија, како и враќање на внатрешно раселените лица.
„Над 850 илјади сириски државјани се вратија од странство, а над 1,3 милиони се вратија од земјата во своите места на живеење“, кажа Путин.
Асад истакна дека враќањето на бегалците во земјата е приоритет на владата. „Сириската влада не само што е спремна, туку е одушевена од тоа“, кажа тој.
„Се надеваме дека конференцијата на тема враќање на бегалците ќе го произведе саканиот резултат“, кажа Асад, а пренесе државната агенција САНА.