Путин ги повика Русите да гласаат за да му овозможат да остане на функција до 2036 година

Владимир Путин денеска ги повика Русите да гласаат за измените на уставот што ќе му овозможат да се кандидира за претседател уште двапати, нарекувајќи ја реформата гаранција за стабилност, безбедност и благосостојба.

EPA-EFE/MICHAEL KLIMENTYEV

Рускиот претседател Владимир Путин ѝ се обрати на нацијата пред главниот ден на гласањето за измените на рускиот устав, пред споменикот на Советскиот војник кај селото Хорошево во близина на градот Реве.

Путин го упати својот апел од местото на крвавата битка во Втората светска војна меѓу Црвената армија и нацистите во пресрет на главниот и последен ден од седумдневното гласање на национално ниво што ќе го промени уставот за прв пат од 1993 година.

Се предлагаат измени што ќе му овозможат на Путин уште двапати да се кандидира за шестгодишен мандат, откако ќе му истече тековниот во 2024 година.

Со тоа 67-годишниот поранешен припадник на КГБ би можел да остане на власт до 2036 година, иако самиот Путин тврди дека сè уште не донел одлука за тоа што ќе прави.

„Не гласаме само за амандмани. Гласаме за државата во која сакаме да живееме, со современ образовен и здравствен систем, за држава за чија благосостојба работиме и сакаме да им ја оставиме на нашите деца и внуци“, порача Путин.

„Само преку развој можеме да гарантираме стабилност, безбедност, благосостојба и живот вреден за живеење на луѓето. Нашиот суверенитет зависи од нашата одговорност, нашите искрени чувства на патриотизам и грижа за татковината“, додаде тој.

Гласањето на национално ниво за измени и дополнувања на рускиот устав започна на 25 јуни и трае седум дена до главниот ден на гласање 1 јули. Пребројувањето на резултатите за сите седум дена ќе започне на 1 јули по затворањето на избирачките места.

Гласањето првично било закажано на 22 април, но е одложено поради состојбата со пандемијата на коронавирусот.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE/MICHAEL KLIMENTYEV

Нашето законодавство дава поголема важност на едно парче хартија отколку на вистинската состојба на терен.

повеќе

Еве што знаат мнозинството Македонци и Бугари родени до 1980 година.

повеќе

И Софија ќе треба да не го запре македонското евро-интегрирање на самиот почеток – и Скопје ќе треба да ја декомунистицира и дејугословенизира својата елита, економија, политика, наратива и медиуми.

повеќе