Путин ги повика најмоќните светски лидери на средба „во кој било дел од светот“ (ВИДЕО)

Рускиот претседател Владимир Путин предложи одржување самит на лидерите на Русија, Кина Соединетите Држави, Франција и Британија во 2020 година за да разговараат за конфликтот во Либија и за другите светски проблеми.

Путин ова го кажа во Израел и наведе дека Москва е спремна за „сериозни разговори“ со постојаните членки на Советот за безбедност на Обединетите нации, дека има многу теми за разговор и дека средбата би можела да се одржи каде било во светот.

„Во која било земја, во кој било дел од светот кој им одговара на колегите. Русија е спремна за таков вид сериозни разговори“, кажа тој.

„Пред нас има многу задачи. За една од нив разговаравме неодамна во Берлин. Тоа е Либија. Мораме да се вратиме на тоа прашање во Советот за безбедност и да усвоиме соодветна резолуција“, додаде рускиот претседател.

Путин е денес во Ерусалим на одбележувањето на 75-годишнината од ослободувањето на концентрациониот логор Аушвиц-Биркенау. Кажа дека одржувањето таков самит би бил симболичен чекор пред одбележувањето на 75-годишнината од крајот на Втората светска војна.

„За тоа разговарав со неколку колеги и забележав позитивна реакција за одржување средба на постојаните членки на Советот за безбедност на ОН“, заклучи рускиот претседател.

ЕУ покажа дека не е во состојба да ги исполни ветувањата дадени пред скоро две децении во Солун и одлучи веќе да не се преправа.

повеќе

Кога политичарите сватија за каква моќна алатка се работи, час поскоро побрзаа да менуваат закони со кои „бомбите" нема да бидат докази.

повеќе

Брегзитот, односно напуштањето на Велика Британија на ЕУ, без сомневање ќе влијае врз градењето на новата политичка архитектура во Европа, со нова поделба на интересни зони на стариот континент.

повеќе