Москва

Путин ги повика мигрантите во Русија

Руската економија, која е погодена од коронавирусот и падот на цената на нафтата, може да закрепне благодарение на мигрантите, рече рускиот претседател Владимир Путин, за време на состанокот со работната група за подготовка на уставните амандмани, пренесе Тасс.

EPA-EFE/ALEXEI DRUZHININ

„Русија е заинтересирана за пристигнување на мигранти, но за оние кои ѝ се потребни на државата. Не зборувам за постари лица, туку за млади, образовани, здрави луѓе кои се подготвени или да бидат едуцирани и да влијаат на пазарот на трудот, или веднаш да започнат со работа, со потребни квалификации“, додаде тој.

Според него, во некои држави таа работа е подигната на „многу високо, солидно, скоро научно ниво“.

Русија треба да го стори истото, смета Путин. Пред се, државата е заинтересирана за пристигнување на луѓе со познавање на рускиот јазик и култура.

„Што се однесува до економијата, сосема е јасно дека со развојот на економијата веќе имаме недостаток од работници. Ова станува вистинска објективна кочница за економскиот раст во земјата. Тоа е еден од сериозните проблеми“, рече претседателот.

Путин истакна дека повеќе пати ѝ давал наредба на Владата да го реши овој проблем.

Сепак, тој истакна дека Русија мора да води сметка дека со пристигнувањето на мигрантите нема да се наруши социјалната архитектура, правата на руските граѓани да не се прекршат.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE/ALEXEI DRUZHININ

Овогодинешниот процес во одлучување по конкурсот за финансирање на проекти за игран филм е селективен, корумпиран и компромитиран,

повеќе

Во споредба со 2019 година, просечното време поминато на социјалните медиуми во 2020 година се зголеми за рекордни 100% на сите платформи.

повеќе

Ковид-19 може да нѐ научи битни лекции за животот - дека почитта кон другите човечки суштества не е во честа која им ја даваме со пружање рака и тапкање по грбот, туку во суштинската грижа за нивната добробит и здравје.

повеќе