Путин: Ги мобилизираме и земјоделците

Рускиот претседател на денешната средба со официјални лица изјави дека меѓу Русите кои се мобилизираат за војна против Украина има и земјоделци, пренесува Ројтерс.

Фото: ЕПА

Русија е најголемиот светски извозник на пченица, а есента е важна сезона за руските земјоделци, бидејќи почнува сеидбата на зимската пченица за родот од следната година и берат соја и сончоглед. Зимската сеидба веќе значително доцни поради обилните врнежи.

„Сакам да им се обратам и на регионалните раководители и на раководителите на земјоделските претпријатија. Во рамки на делумната мобилизација се регрутираат и земјоделските работници. Нивните семејства мора да се поддржат и ве молам да обрнете посебно внимание на овој проблем“, рече Путин во разговор со земјоделските службеници, кој беше емитуван на руската државна телевизија.

Путин на состанокот рече и дека Русија е на пат во 2022 година да собере рекордни житни култури од 150 милиони тони, вклучително и 100 милиони тони пченица.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Ех какво време дојде, да се стремиме кон нула. Уште повеќе, да постигнеме нула.

повеќе

Како да ги зачуваме националните и креативни наследства со помош на вештачката интелигенција?

повеќе

Ќутејќи - банализирамо. Банализирајќи - нормализирамо. Нормализирајќи - дозвољуемо пред очи да ни се повампируа фашизмот и нацизмот.

повеќе