„Путин е најголемиот подарок за НАТО уште од Студената војна“ (ВИДЕО)

Русија успешно „му дава нов живот на НАТО“, давајќи ѝ причина на Алијансата да го шири своето воено присуство во Источна Европа, рече пензионираниот генерал со четири ѕвезди Дејвид Петреас, поранешен шеф на ЦИА.

Русија самостојно му даде „нова причина за живот“ на воениот блок предводен од Америка, изјави поранешниот генерал пред публиката на меѓународната конференција во Њу Делхи, Индија во средата, пренесе РТ.

Петреас рече дека Москва ја поттикна Алијансата да испрати уште војници и авиони во Источна Европа и балтичките држави, како и да формира нови командни штабови во регионот.

Сето тоа е под изговор дека се борат против „руската агресија“, бидејќи односите помеѓу НАТО и Москва постојано се влошувале за време на претседателствувањето на Владимир Путин. Во таа смисла, Путин е „најголемиот подарок“ што НАТО го добил од завршувањето на Студената војна, рече американскиот генерал.

Тој, исто така, ја „призна заслугата“ на рускиот лидер за обезбедување оправдание на САД за да ја вратат оклопната бригада во Европа „за прв пат по доста години“. Во моментов стационирана во Полска.

Поранешниот шеф на ЦИА пред публиката изјави дека и покрај повремените тензии меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и НАТО, Вашингтон и понатаму останува „столбот“ на алијансата како нејзин главен поддржувач за вооружените сили и финансии.

Деновиве Владата донесе одлука за формирање на ново министерство. А и така, по глава на жител, верувам, рекордери сме по министерства и министри. Оттука, размислував зошто да не предложам да се формира уште едно – за „спречување автоголови".

повеќе

Денес, кандидати за политички функции се луѓето. Утре, тоа ќе го прават интелигентни машини. И, тие може и ќе победуваат, како што расте незадоволството на граѓаните од човечките политичари.

повеќе

Еден од начините на промовирање подобри меѓуетнички односи помеѓу децата е овозможување подолготраен контакт помеѓу нив што ќе овозможи создавање значајни индивидуални врски помеѓу децата.

повеќе