Путин: „Двете наши вакцини се безбедни и ефикасни“

Рускиот претседател Владимир Путин изјави денес дека двете руски вакцини против ковид-19 се безбедни и ефикасни.

Фото: ЕПА

„Најважно нешто е дека вакцината мора да биде безбедна и ефикасна. Двете овие барања се исполнети и во двата случаи“, рече Путин и додаде дека трета е на пат.

Путин рече дека очекува масовна вакцинација во Русија да започне до крајот на 2020 година, пренесува Тасс.

„Вакцината ќе биде доставена до сите региони. Се надевам дека ќе можеме да започнеме масовна вакцинација до крајот на годината“, рече тој на инвестицискиот форум „Русија повикува“.

Прва земја што ја доби руската вакцина е Белорусија, додаде Путин.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Дали и Грција треба да престане да ја смета бугарската фашистичка окупација за време на Втората светска војна како вистинска окупација?, прашува поранешниот грчки министер за надворешни работи – потписник на Преспанскиот договор со Македонија, во колумна за Балканеу. Колумната ја пренесуваме во целост и со автентичните фрази.

повеќе

Каракачанов: На Бугаринот паметот му доаѓа следниот ден...

повеќе

При еден спор, понижувањето не е добро ниту за победникот, ниту за поразениот; ниту за „победникот“, ниту за „поразениот“.

повеќе