Путин донесе нови закони, сака да ги ограничи американските социјални мрежи

Рускиот претседател Владимир Путин потпиша вчера низа закони со кои на државата ѝ се даваат нови овластувања, а целта им е да го ограничи дејствувањето на големите американски социјални мрежи, да се класифицираат поединците во категоријата странски агенти и да се спречи откривањето на личните податоци на вработените во безбедносните служби.

EPA-EFE

Новите закони, кои овозможуваат и ограничување на протестите, му даваат на 68-годишниот Путин прилика да се кандидира за уште два шестгодишни мандати во Кремљ наместо да се повлече во 2024, како што требаше според претходниот закон.

Поради останатите реформи, како онаа со која на поранешните претседатели им се овозможува доживотен имунитет од кривичен прогон, аналитичарите долго нагаѓаа за плановите на Путин бидејќи односите меѓу Москва и Западот повторно се напнати поради наводниот обид за труење на критичарот на Кремљ, Алексеј Навални.

Еден од новите закони ѝ овозможува на Русија да го блокира или ограничи пристапот до интернет страниците кои ги „дискриминираат“ руските медиуми, што е дел од Путиновата кампања чија цел е да се зголеми рускиот „суверенитет на интернет“, а тоа поттикнува страв кај корисниците од контрола на интернетот по кинески принцип.

Твитер во моментов одделни медиуми ги означува како „медиуми блиски на државата“, што е потег кој официјална Москва го смета за навредлив. Оние кои го поддржуваат законот се против предрасудите кои ги покажуваат Фејсбук, Твитер и Јутјуб.

Со друг закон се воведуваат големи парични казни во износ до 20 отсто од минатогодишниот профит за интернет страниците чија база е во Русија, кои упорно не ги отстрануваат забранетите содржини, а тоа, според мислењето на руските законодавци, и Јутјуб и Фејсбук често избегнувале да го направат.

Со трет закон се забранува откривањето на личните податоци на руските безбедносни службеници, снимките кои понекогаш „протекуваат“ на интернет, а ги користеле истражувачки новинари при следењето на тајни операции.

Останатите нови закони ќе овозможат воведување двегодишна затворска казна за клевета на социјалните мрежи и воведување нови прописи со кои ќе им се забрани финансирањето протести на таканаречените странски агенти, како и ќе се овозможи забрана на некои собири.

Благодарение на новиот закон властите во согласност со новите овластувања поединците ќе ги класификува како странски агенти и ќе може да ги испрати во затвор на пет години ако не ги пријават правилно своите активности.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Реакцијата на семејството и блиските во однос на пандемијата е пресуден фактор кој влијае на емотивната состојба, размислувањата и однесувањето на младите.

повеќе

Можеби по нас ќе дојдат некои нови клинци што прегрнати ќе го слушаат мртвиот Џоле и ќе го разберат подобро отколку што го разбравме ние на кои со години жив на глуви уши ни пееше за љубовта.

повеќе

За државата Македонија, Македонците се посебен народ со повеќевековна традиција, кои зборуваат, творат, се радуваат и тагуваат на македонски јазик, веќе со векови, во и надвор од територијата на нашата држава.

повеќе