Путин: Додека сум јас на власт, нема да има истополови бракови

Рускиот претседател Владимир Путин порача денес дека Русија нема да ги легализира истополовите бракови сѐ додека е тој на власт.

„Додека јас сум претседател, тоа нема да се случи“, кажа тој на состанок на кој се расправало за потенцијалните измени на уставот, јавуваат руските медиуми.

Јавното промовирање хомосексуалност е кривично дело во Русија според законот кој Путин го потпиша во 2013 година.

67-годишниот Путин како претседател и премиер е на власт веќе две децении, а актуелниот мандат му истекува во 2024 година. тој е најдолговечниот руски или советски лидер од Јосиф Сталин.

Некои од амандманите на рускиот устав кои се разгледуваат би му овозможиле да ја задржи власта и по истекот на актуелниот мандат, како премиер со проширени овластувања, доживотен сенатор или лидер на советодавниот Државен совет.

Германската канцеларка Ангела Меркел, меѓу другите, беше гневна; Балканот помодре од бес. ЕУ сега се обидува да го натера Макрон да го тргне ветото пред Европскиот самит во март.

повеќе

Мојата заложба е конечно законите и прописите наместо инструмент за спроведување лични интереси, да ја добијат вистинската функција, заштита на интересите на граѓаните. За жал...

повеќе