Москва

Путин до Вашингтон: Ќе развиеме нови нуклеарни проектили ако вие ги развиете

Претседателот Владимир Путин денес предупреди дека Русија ќе биде принудена да започне со развој на нуклеарни ракети со краток и среден дострел, доколку САД започнат со тоа, по напуштањето на историскиот договор за контрола на нуклеарното оружје, пренесе Ројтерс.

Соединетите Американски Држави во петокот официјално го напуштија Договорот за нуклеарните сили со краток и среден дострел (ИНФ) со Русија, откако одредија дека Москва го крши договорот, обвинение кое Кремљ го негира.

Путин во понеделникот ги обвини Соединетите Американски Држави поради напуштањето на договорот, но нагласи дека е неопходно Москва и Вашингтон да продолжат со разговорите за контрола на оружјето за да се спречи, како што рече, избувнувањето на „непречена“ трка за вооружување.

Третманот и плаќањето на работникот од кого зависи целиот производствен систем, треба да биде на прво место кај државата и работодавачот. 

повеќе

Дали верувате дека до ова дереџе се дојде за една ноќ, еден месец, една година? Вистината е дека години се потребни за таков пад.

повеќе

Макси помпа, просечен дипломатски и небитен медиумски ефект.

повеќе