Путин до Саудиска Арабија: Нашата воздушна одбрана може да ве заштити, како што ги штити Турција и Иран

Рускиот претседател Владимир Путин предложи Саудиска Арабија да го купи рускиот воздушен одбранбен систем за да ги заштити своите нафтени постројки од напади со дронови, посочувајќи дека Иран и Турција веќе управуваат со руските воздушни одбранбени систем С-300 и С-400.

„Саудиска Арабија треба да донесе паметна одлука, како што направи Иран со купувањето на нашиот С-300 и како што направи Ердоган кога реши да го купи нашиот најнапреден систем за воздушна одбрана Триумф С-400“, изјави Путин во понеделникот од Анкара.

„Овие системи имаат можност да одбранат секаков вид инфраструктура во Саудиска Арабија од секаков вид на напад“, додаде тој, пренесе РТ.

Путин одговараше на прашање во врска со неодамнешниот напад на дронови врз нафтените постројки на Саудиска Арабија, за што Вашингтон го обвини Иран, иако јеменските бунтовници Хутите ја презедоа одговорноста. Коалицијата предводена од Саудиска Арабија го нападна Јемен во 2015 година и оттогаш се бори со Хутите.

Неодамнешната ескалација на тој конфликт не била меѓу темите дискутирани на трилатералниот самит во Анкара меѓу Путин, турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и иранскиот претседател Хасан Рухани. Сепак, тројцата лидери биле согласни дека конфликтот во Јемен мора да заврши што е можно поскоро.

Иран управува со ракетниот систем С-300 од 2017 година, а првата серија од С-400 ѝ е доставена на Турција во јули. Набавката на С-400 од Анкара предизвика значителен судир со Вашингтон, кој одбива да ги испорача борбените авиони Ф-35, стравувајќи дека нивните компјутерски системи ќе бидат компромитирани со руското оружје.

Сѐ додека Македонија ја претставуваат „политички најподобните" ќе тонеме длабоко и уште повеќе ќе се раслојуваме.

повеќе

По определувањето на мерката ефективен притвор, притворениот раководен функционер не може да издава полноважни правни акти, меѓу другото, и поради фактот што го нема службениот печат.

повеќе

Вината за недобивањето на датум за преговори треба да ја барате во вас и вашите соработници и коалициски партнери.

повеќе