недела, 14 декември 2025

Путин до рускиот Совет за безбедност: „Сè тече по планот“

Објавено на

часот

Сподели

Како што наведе, сите задачи успешно се реализираат. Војниците и офицерите кои учествуваат во операцијата се одважни и остануваат во служба и по ранување.

Путин и членовите на Советот за безбедност на почетокот на состанокот со минута молчење им оддадоа почит на загинатите во битките во Украина.

„Специјалната воена операција се одвива строго во согласност со распоредот, по планот. Успешно се решаваат сите поставени задачи“, кажа Путин.

Како што кажа рускиот претседател, војниците се борат во Украина за никој да не ја загрозува безбедноста на Русија, истакнувајќи дека Русите се гордеат со своите оружени сили.

„Никогаш нема да се откажам од тврдењето дека Украинците и Русите се ист народ, но се бориме против неонацистите кои имаат борци дури и од Блискиот Исток. Тие ги користат цивилите и странците како жив штит“, кажа Путин и додаде дека во текот на операциите во Украина руските војници се однесуваат „како вистински херои“.

Путин најави поддршка на семејствата на загинатите и ранетите војници во специјална операција во Украина.

„На сите членови на семејствата на загинатите војници во специјалната воена акција ќе им биде обезбедено осигурување и еднократен надомест предвиден со закон, од 7.421.000 рубљи. На секој член на семејство на загинат војник ќе му биде исплатен и месечен паричен надомест. Покрај тоа, сметам дека е неопходно да се воспостави и дополнителна исплата на семејството на војник на министерството за одбрана, службеник и вработен во другите агенции за спроведување на законите вклучени во операцијата во износ од 5 милиони рубљи. Сите војници повредени во операцијата ќе добијат соодветни исплати“, кажа рускиот претседател.

„Националистичките и неонацистичките групи, вклучувајќи ги странските платеници, вклучувајќи ги тие од Блискиот Исток, ги користат цивилите како жив штит. Постојат апсолутно објективни податоци, фотографии како поставуваат тешка воена техника во градовите. Држат како заложници и странски државјани, вклучувајќи студенти кои студираат во Украина. 3.179 индиски државјани се задржани на железничката станица во Харков повеќе од еден ден“, кажа Путин.

„Нашите трупи отворија коридори во сите конфликтни области без исклучок, обезбедија превоз за цивилите и странските државјани да имаат прилика да заминат на безбедно. Би сакал повторно да истакнам дека националистите не дозволуваат тоа да се случи“, кажа рускиот претседател.

„Тие дури ги упатуваат странските граѓани да се пријават на своите власти, кои потоа мора да ги пријават во министерството за надворешни работи на Украина. Всушност, ги фрлаат луѓето во оган“, кажа Путин.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ