Путин до Русите: Знам дека сте уморни, мачно е, но ова ќе помине (ВИДЕО)

Рускиот претседател Владимир Путин ги повика граѓаните на Русија да ги издржат самоизолацијата и товарот на проблемот и покрај постоечкиот замор за да постигнат пресврт во борбата против коронавирусот.

„Би сакал да им се обратам на сите граѓани на Русија“, кажа Путин на телеконференцијата одржана со лидерите на руските региони.

„Разбирам дека се натрупаа одреден замор и сериозен товар од финансиските, рутинските и други проблеми и дека е нарушен вашиот вообичаен начин на живот“, истакна рускиот претседател.

Тој се сложи дека за повеќето луѓе е здодевно и речиси неподносливо да бидат постојано во затворено.

„Но друг избор нема. Самоизолацијата и притисокот поврзан со тоа мора да се издржат на сите начини. Пресвртот во борбата со инфекцијата зависи од нашите дисциплина и одговорност. Должни да го постигнеме“, порача Путин.

Тој ги замоли сите да имаат предвид дека пандемијата ќе исчезне порано или подоцна, како и секоја друга несреќа.

Истакна дека е многу драгоцено тоа што секој ден се потврдуваат силата и интегритетот на руското општество, пренесува ТАСС.

Особено ги пофали лекарите и медицинскиот персонал, кои се однесуваат пожртвувано, како еден тим.

„Веројатно првпат по толку децении сфаќаме колку е важна и апсолутно пресудна нивната работа“, истакна Путин.

Доколку нешто радикално не се промени, не можеме да очекуваме дека нашата економија брзо ќе се нормализира и ќе излезе од сегашната криза.

повеќе

Како да разликуваш дали „Македонец” означува етничка припадност или државјанство? Според потребата на моментот!

повеќе