Путин до мајките на убиените Руси: „Не жалам што ја почнав операцијата“ (ВИДЕО)

Путин првпат ги прими мајките на убиените руски војници во Украина и им порача дека не жали што ја почнал „специјалната воена операција“.

Фото: ЕПА

Рускиот претседател Владимир Путин денеска ги прими мајките и сопругите на руските војници што се борат во Украина, првпат од почетокот на руската инвазија.  Средбата се случила по многубројните барања на семејствата на руските војници, кои се пожалиле на недостиг од основната опрема и на ужасни услови. Во неколку наврати мајки на руските војници упаднаа во канцелариите за мобилизација на руската армија.

 
Видеото од средбата го пренесоа руските медиуми.
 
 
Во почетокот на средбата Путин рекол дека „лично ја споделува болката на мајките што ги загубија своите синови“, но набргу потоа почнал да зборува за „лажни вести“ за војната во Украина, велејќи: „Интернетот е пат на измами и лаги, не можете да верувате во ништо“.
 
Путин им рекол на мајките и дека телефонски разговарал со војниците на фронтот: „Разговарав со нив и ме изненадија со нивното расположение, нивниот став. Не очекуваа дека ќе им се јавам. Овие разговори ми даваат причина да ги наречам херои. Тоа е вистината“.
 
Тој рекол дека целото руско раководство, во кое е вклучен и тој, „ја дели болката на мајките“. „Ние разбираме дека ништо не може да го замени изгубениот син, изгубеното дете, а особено не за мајките, на кои сите им го должиме животот.
 
„Ќе направиме сè за да не се чувствувате заборавено, сè што е во наша моќ за да имате рамо на кое ќе се потпрете“, рекол Путин, додавајќи дека „не жали“ за одлуката да ја почне, како што вели Кремљ, „специјалната воена операција во Украина и ја опиша војната како „пресвртен момент“ во кој Москва конечно застанала против „западната хегемонија“.
 
Руската телевизија не ги објави изјавите на мајките на загинатите војници.
 
Средбата со мајките на војниците, прва од почетокот на руската инвазија на Украина во февруари, беше организирана по неколкунеделните јавни критики на социјалните мрежи објавени од родителите, роднините и пријателите на мобилизираните војници. Многу сопруги и мајки на мобилизираните војници ги обвинија властите дека не ги обучуваат и опремуваат соодветно нивните сопрузи и синови пред да ги испратат на фронтот.
 
Во војната во Украина загинаа или се ранети десетици илјади војници од двете страни, според САД, а руската инвазија ја предизвика најголемата конфронтација меѓу Москва и Западот од кубанската ракетна криза во 1962 година. Стотици илјади Руси војници се испратени да се борат во Украина - вклучително и повеќе од 300.000 резервисти повикани како дел од мобилизацијата што ја најави Путин во септември.
 
Украина не ги објавува своите загуби. Русија последен пат го стори тоа на 21 септември, кога министерот за одбрана Сергеј Шојгу рече дека се убиени 5.937 руски војници. Но тој број е далеку помал од повеќето меѓународни процени. Началникот на Здружениот генералштаб на американската војска на 9 ноември процени дека Русија и Украина имаат по повеќе од 100.000 убиени или ранети војници.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Калоѓера не може да премолчи, не може да замиже пред историската вистина на Македонија, па затоа во својот живот се определил да македонствува.

повеќе

Слушањето како способност да го фокусираме вниманието на аудитивните дразби е важен аспект на нашиот живот и значително влијае на неговиот квалитет во сите сегменти.

повеќе

„Ќе дојде ден, кога пазарите отворени за трговија и размена на идеи, ќе бидат единствените борбени полиња“ - Виктор Иго

повеќе