Путин до Европа: Сè уште ви треба рускиот гас, но ние се ориентираме кон исток

Рускиот претседател Владимир Путин најави дека Москва ќе го пренасочи извозот на енергенти на исток, и додека Европа се обидува да ја намали зависноста од руската енергија, Путин вели дека европските нации нема да можат веднаш да се откажат од рускиот гас, но се чини дека сепак ја отвора вратата за плаќање на гас во евра.

Фото: ЕПА

Русија испорачува околу 40 отсто од природниот гас потребен на ЕУ, но западните санкции поради нападот врз Украина го погодија нејзиниот извоз на енергенти, комплицирајќи го финансирањето и логистиката на постоечките бизниси.

Додека ЕУ расправа дали да воведе санкции за рускиот гас и нафта, а земјите-членки се снаоѓаат купувајќи енергенти ширум светот, Кремљ воспоставува поблиски врски со Кина, најголемиот светски потрошувач на енергија и другите азиски земји, пишува Еуроактив.

„Таканаречените партнери од непријателските земји признаваат дека нема да можат да се снајдат без руските енергетски ресурси, вклучително, на пример, природниот гас“, рече Путин на владината седница минатата недела, додавајќи дека „во моментов нема рационална замена во Европа“ за рускиот гас.

Путин рече и дека Европа, најавувајќи прекин на испораките на енергенти од Русија, ги зголемува цените и го дестабилизира пазарот. Тој додаде дека Русија, која произведува една десетина од светската нафта и една петтина од нејзиниот гас, ќе има потреба од нова инфраструктура за извоз во Азија.

Тој ѝ наложи на владата до 1 јуни да претстави план што вклучува „проширување на инфраструктурата на земји во Африка, Латинска Америка и азиско-пацифичкиот регион“ и побара да се разгледа вклучувањето на гасоводот Силата на Сибир и далекоисточниот Сахалин-Хабаровск-Владивосток во рускиот единствен систем за снабдување со гас.

Инкорпорирањето на овие рути во пошироката мрежа теоретски би можело да ѝ овозможи на Русија префрлување на тековите на гас од Европа во Азија и обратно. Русија кон крајот на 2019 година започна гасоводни системи за извоз во Кина, а во февруари склучи 30-годишен договор за нов гасовод што допрва треба да се изгради.

Алудирајќи на западните санкции, Путин исто така рече дека Русија треба да го замени увозот на опрема за производство на нафта и гас.

Путин, исто така, рече дека улогата на националната валута во извозните бизниси треба да се зголеми, поради плановите на Русија да се префрли на рубљата за испораката на гас, главно во Европа.

Сепак, се чини дека Русија ја отвори вратата да се продолжи да се плаќа во евра. Имено, таа земја доживеа нагол пад во производството на нафта, нејзиниот клучен извор на приход, поради потешкотиите со плаќањето. Водечките светски трговски компании планираат веќе на 15 мај да го намалат купувањето на сурова нафта и гориво од руските државни нафтени компании, за да избегнат кршење на санкциите на ЕУ кон Русија.

Затоа, Путин, како што јави австриската новинска агенција АПА, му рекол на австрискиот канцелар Карл Нехамер дека Австрија сепак може да плаќа за рускиот гас во евра.

Путин рече дека „снабдувањето со гас е обезбедено, дека Русија ќе ги испорача договорените количини и дека плаќањата можат да продолжат во евра“, рече Нехамер во интервју за германската новинска агенција ДПА, а пренесува АПА. Европската комисија, пак, посочи дека треба да се почитуваат договорите во кои како валута на плаќање е наведено еврото или доларот.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Минатата недела во јавноста се актуелизираше дискусијата за концептот на даночната реформа.

повеќе

Војната во Украина ја разоткри вистината за Русија, но и вистината за Европа. 

повеќе

Несанкционирањето на овој говор доведува до повторување, ширење и злоупотреба на овие аномалии како еден вид „нормализиран“ начин во политичката борба против поединци и групи со различни мислења.

повеќе