Според западни извори

Путин директно интервенира во војната во Украина и носи одлуки што обично ги носат офицерите од понизок ранг

Претседателот Владимир Путин на тактичко ниво е вклучен во напорите на Русија за заземање на источна Украина, објавија британските медиуми во понеделникот, цитирајќи неименувани западни воени извори.

Фото: ЕПА

Се верува дека рускиот претседател Путин и неговиот воен командант, генералот Валериј Герасимов, директно интервенираат во руската воена офанзива во Украина и носат одлуки што вообичаено ги носат офицерите од понизок ранг, според западен воен извор.

Зборувајќи под услов да остане анонимен, изворот рекол: „Сметаме дека Путин и Герасимов се вклучени во тактичкото одлучување на ниво што инаку би очекувале дека ќе го преземат некој полковник или бригадир“.

Воениот извор рекол дека двајцата носеле одлуки за движењето на војниците во Донбас. Претходно, имаше сугестии дека претседателот Путин повеќе се вклучил во секојдневното спроведување на воената кампања, и тоа откако Русија претрпе неуспеси на северот на земјата и околу главниот град Киев.

Руските сили во моментов се обидуваат да ги опколат градовите под контрола на Киев во регионите Луганск и Доњецк, откако се откажаа од својот првичен план за заземање на главниот град на Украина кон крајот на февруари.

Личната вклученост на рускиот претседател во командувањето на војната, сѐ до детали како што е одредувањето на движењето на силите, се верува дека придонесува за неуспехот на војската да ги освои градовите во Донбас, според весникот Гардијан.

„Ако Путин ја врши работата на командант на бригада... тој можеби се меша и во единица со 700 до 1.000 војници“, цитира извор британскиот весник Тајмс.

Двете публикации објавија дека Путин тесно соработува со главниот генерал Валериј Герасимов, спротивно на претходните информации дека тој бил тргнат настрана поради воени грешки.

Западната процена следува по извештајот на независните руски медиуми дека Путин добивал погрешни разузнавачки информации за Украина од Федералната служба за безбедност (ФСБ) пред инвазијата.

Меѓу информаторите на ФСБ имало и пребегнати украински функционери, кои побегнале во Русија по соборувањето на промосковскиот лидер на Украина во 2014 година, според еден истражувачки медиум.

„Тие беа измамници“, рекол еден неименуван поранешен офицер на ФСБ. „Тие измислуваа работи, погрешно толкуваа, а понекогаш и фантазираа - а раководството со задоволство веруваше во тоа“, рече друг поранешен офицер на ФСБ.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Ако пак се натури овој бесмислен консензус на Франција, кој ги признава сите емоции на Бугарија, тогаш оваа неспособна власт ќе не одведе подлабоко од сегашниот амбис.

повеќе

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе

Енергетската криза во светот, но и во Република Македонија (РМ), не стивнува иако сме на почеток на летото кога вообичаено има помала потрошувачка на енергија кај нас. 

повеќе