Путин: Десетици луѓе околу мене се заразени со ковид

Рускиот претседател Владимир Путин рече дека ќе мора да помине неколку дена во самоизолација откако десетици луѓе од неговото опкружување се разболеле од коронавирус, објави новинската агенција ТАСС.

Фото: ЕПА

Путин зборуваше преку видео врска на самитот за регионална безбедност предводен од Русија што се одржа во Таџикистан. Тој планирал да присуствува лично пред да се појави веста дека во неговиот најтесен круг се појавил вирусот.

Претходно не било јасно колку лица се заразени и колку Путин ќе остане во изолација.

„Не станува збор за само едно или две лица, има десетици луѓе. Ќе се придржувам до правилото за самоизолација неколку дена“, рече рускиот претседател.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Можеби поради еуфоријата што ја донесе туризмот - и желбата на самите жители на Грција да уживаат во одморите - пошироката јавност беше подготвена да ги толерира дневните бројки на новозаразени (во просек помеѓу 2.000 и 3.000 случаи во текот на летото). 

повеќе

Насловот асоцира и на резултатите од изборите, кои, кога ќе излезе оваа колумна, ќе бидат познати, иако најретко споменуван збор во кампањата беше зборот ДЕЦЕНТРАЛИЗАЦИЈА, кој е единствен начин за остварување на сите „големи“ ветувања што ги слушнавме изминативе две недели.

повеќе

Опонентите на академик Блаже Ристовски во Македонија го квалификуваа како националист, во белградскитe кругови  го именуваа како „бугарофил“, а во Бугарија го нарекуваа „Југословен“ и „србокомунист“. А тој си остана ист, исправен пред нападите и секогаш подготвен да им одговори на критичарите.

повеќе