Путин денеска анектира 15% од Украина, плоштадот во Москва спремен (ФОТО)

Денеска, како што соопшти Кремљ, рускиот претседател ќе биде домаќин на церемонија со која официјално ќе биде објавена анексијата на четири украински региони – Доњецк, Луганск, Херсон и Запорожје.

 

Според неговиот портпарол Дмитриј Песков, пред да го одржи својот говор Путин во Кремљ ќе ги потпише пристапните документи.

Планиран е и поп-концерт на Црвениот плоштад, каде што се поставени бина, големи екрани и пораки дека украинските региони се всушност руски. Церемонијата ќе почне во 14 часот.

Територијата што Русија ја контролира во Доњецк, Луганск, Херсон и Запорожје изнесува околу 15% од вкупната површина на Украина. Припојувањето на четирите окупирани региони кон Русија се случува само неколку дена по т.н. „референдуми“, кои меѓународната заедница ги смета за незаконски.

Во Москва со денови се одвиваат подготовките за анексијата или припојувањето украинска територија голема колку Португалија или Унгарија.

На Црвениот плоштад во Москва има видеоѕид со натпис „Доњецк, Луганск, Запорожје, Херсон - Русија“. Во Кремљ се очекува Путин да одржи говор, кој ќе биде емитуван на видеоѕидот на Црвениот плоштад.

 

Самата идеја на странските директни инвестиции е да донесе нови вработувања со повисоки плати кои треба да ги исплаќа странскиот инвеститор.

повеќе

Треба да се размисли за тоа дека сите предлози и промени кои доаѓаат од Брисел, не можат ефикасно да се применат и во Македонија и да се дејствува во правец на благосостојба на граѓаните, а не само на профитите.

повеќе

Предложеното законско решение се фокусира на аудиовизуелниот/радиодифузниот сектор, игнорирајќи ги последниве две децении на развој на дигиталниот домен и на интернет, со сите негови позитивни и негативни страни.

повеќе