Путин денес се вакцинираше, не откри со која вакцина

Владимир Путин денес ја прими првата доза од една руска вакцина против ковид-19, но Кремљ не сакаше да открие која, пренесува РТ.

EPA-EFE/ALEXEI DRUZHININ

Со тоа се стави крај на повеќемесечните шпекулации околу тоа дали 68-годишниот претседател веќе бил инокулиран против вирусот.

Имено, во Русија се регистрирани три вакцини - Спутник V, вакцината Епи-вак-корона на Институтот Вектор и вакцината Кови-вак на Институтот Чумаков.

„Намерно не сакаме да кажеме со која вакцина ќе се вакцинира претседателот. Укажуваме дека сите три руски вакцини се совршено сигурни и ефикасни“, рече во четвртокот портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

За разлика од други светски лидери, Путин одлучи да не се вакцинира пред камера, а Песков истакна дека на претседателот „не му се допаѓа“ идејата.

„Вакцинацијата секако е доброволен избор на секој човек. Лична одлука на секој човек. Имам намера да го сторам тоа утре“, изјави вчера Путин.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE/ALEXEI DRUZHININ

Во чест на Меѓународниот ден на трудот, вреди да се разгледа состојбата со работничките права во државата, да се направи краток осврт на изминатата година и да се согледа што може да се направи за да се насочат работите кон подобро.

повеќе

Таквиот вид на анахрон национал-романтизам, со речиси апологетски однос кон окупаторската политика на Бугарија во Втората светска војна, штетна е за хармонизација на односите на Балканот, пред сѐ на Бугарија со РСМ, но и со Србија.

повеќе

Некогаш да градиш на три континенти, а денес да не ја градиш сопствената држава.

повеќе