Путин: Без докази, нè обвинуваат за информатичка војна против САД, тоа е гротескно

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека е „гротескно" да се тврди дека Москва води информатичка војна против Соединетите Држави во интервју за телевизискиот канал Ен-би-си објавено денес воочи неговиот состанок со американскиот претседател Џо Бајден во Женева во среда.

Фото: ЕПА

„Обвинувани сме за сешто“, како што се „мешање во избори“ или „кибернетички напади“, рече Путин, истакнувајќи дека „ниту еднаш не се обиделе да презентираат ни најмал доказ“.

Неколку големи компании, како што се бразилската компанија за преработка на месо ЈБС, најголемата во светот и операторот на големиот американски нафтовод Колонијал пајплајн, неодамна беа жртви на сајбер напади од хакери со седиште во Русија.

Бајден на почетокот на јуни рече дека не ја исклучува можноста за одмазда против Русија по нападот на ЈБС, а Белата куќа најави дека ќе го покрене ова прашање на самитот со Путин на 16 јуни.

Во интервјуто за Ен-би-си, рускиот претседател ја спомна можната размена на затвореници меѓу Русија и САД, велејќи дека е отворен за таа можност.

„Да, да, да секако“, одговори тој на прашањето за можното истовремено ослободување на Американците затворени во Русија, Пол Вилан и Тревор Рид и Русите затворени во Соединетите Држави.

Поранешен помлад офицер на маринците, Пол Велан бил агент на безбедносните служби на американска компанија за производство на автомобилски делови кога бил уапсен во Москва во декември 2018 година, а потоа во јуни 2020 година бил осуден на 16 години затвор за шпионажа.

Неодамна го повика Бајден да организира размена на затвореници за да биде ослободен, тврдејќи дека бил жртва на „заложничка дипломатија“ во интервју за Си-ен-ен.

Тревор Рид бил осуден во јули 2019 година на девет години затвор за напад врз двајца руски полицајци во алкохолизирана состојба.

Семејствата на двајца Руси затворени во САД, дилерот на оружје Виктор Бут и рускиот пилот обвинети за шверц на кокаин Константин Јароченко, исто така, бараат да бидат ослободени.

Запрашан за рускиот дисидент Алексеј Навални, кој е во затвор, Путин повтори дека „нема да се третира полошо од кој било друг“.

„Немаме навика да убиваме било кој“, одговори Путин на новинарско прашање дали го наредил убиството на Навални.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Време е да се фокусираме врз суштинските проблеми. Време е да создадеме вистински ’општествен договор‘ за владеење на правото и на човековите права како главни столбови на европските вредности

повеќе

Стратешко партнерство на македонската влада со Зока енерџи солушнс, компанија регистрирана за обработка и отстранување на опасен отпад, не е правилен начин за решавање на проблемот во мала држава како Македонија.

повеќе

Цивилизацијата би можела да се дефинира како глутница која има рационална потреба да ги легитимира и образложи своите колежи, грабежи и узурпации.

повеќе